Македонија
Конкретна реализација на соработката, побараа четворицата претседатели

Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора да ја конкретизираат соработката во одделни сфери, заклучија учесниците на регионалната претседателска средба, што се одржува во Охрид.
Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора да ја конкретизираат соработката во одделни сфери, заклучија учесниците на регионалната претседателска средба, што се одржува во Охрид.Ѓорге Иванов, Бамир Топи, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ побараа конкретна реализација на проекти во патната и енергетска инфраструктура, економијата, заштита на животната средина, како и ефикасна борба против организираниот криминал.Четворицата претседатели заеднички констатирале дека ваквите средби се јасен сигнал до владите на земјите да ја интензивираат меѓусебната соработка.Клучна тема за која изутрината разговараа Иванов, Топи, Јахјага и Вујановиќ беа евроатланските интеграција на земјите од регионот. Истовремено, тие разменија и мислења за актуелните регионални прашања.Собирот во Охрид е трет што се одржува во овој формат. Претходно, домаќини на средбите беа Валона, Албанија во 2009-та и Призрен, Косово во 2010-та година. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)