Свет
Седум полски војници ранети во Авганистан

Седум полски војници се ранети во вторник вечер во Авганистан во судири со бунтовниците, објави полското министерство за одбрана
Министерството за одбрана на Полска потврдило дека патрола на полските сили во Авганистан беше нападната во провинцијата Газни, при што бил оштетен оклопен транспортер.„Ранети се седум лица, две од нив се со сериозни повреди но нивната состојба е стабилна“, изјавил за новианрите мајорот Петр Јашчук, пренесува РИА Новости.Ранетите војници биле евакуирани со медицински хеликоптер MEDIVAC од болницата во базата во Газни..Досега полскиот контигент во составот на меѓународните сили во Авганистан загуби 19 војници. Во моментов, Полска има 2.600 војници во ова земја, кои се распоредени во покраината Газни, меѓу градовите Кабул и Кандахар. Во операциите во Авганистан, учествуаат пвоеќе национални контингенти во составот на анти-терористичката коалиција предводена од САД, како и контингентот на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (International Security Assistance Force – ISAF), кои се под команда на НАТО.Основните задачи на двата контигента, на САД и на НАТО, е наоѓање и уништување на исламските милитантни бунтовници – талибаните и приапдниците на меѓународната терористичка група Ал Каеда.Причината за почеток на инвазијата на САД и неговите сојузници во Авганистан се терористичките напади извршени од страна на милитанти на Ал Каеда на 11 септември 2001 г. во Њујорк, кога со помош на две грабнати авиона беа уништени кулите близначки на Светскиот Трговски Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот

Силни експлозии се слушнаа низ градот Сринагар во индискиот дел на Кашмир само неколку часа по прогласувањето на прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.
„Што, по ѓаволите, се случи со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Сринагар“, рече Омар Абдула, претседателот на владата на Џаму и Кашмир, во објава на платформата Икс.
This is no ceasefire. The air defence units in the middle of Srinagar just opened up. pic.twitter.com/HjRh2V3iNW
— Omar Abdullah (@OmarAbdullah) May 10, 2025
Индискиот политичар Харш Сангави објави: „Неколку дронови се забележани во округот Куч. Сега ќе биде воведено целосно затемнување. Ве молиме, останете безбедни, не паничете.“
Министерот за образование во пакистанскиот дел од Кашмир објави дека судирите продолжуваат по должината на де факто границата со Индија.
Соработник на Си-ен-ен извести за серија експлозии вечерва по локално време, по што следел прекин на електричната енергија. Причината за експлозиите сè уште не е јасна.
Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.