Македонија
Македонија ќе бара екстрадиција на Лирим Јакупи – Нацист
Македонија ќе бара од косовските власти да го екстрадираат Лирим Јакупи – Нацист, кој вчера беше уапсен во стан во центарот на Приштина, бидејќи потерницата по него е сè уште активна во земјата.
Македонија ќе бара од косовските власти да го екстрадираат Лирим Јакупи – Нацист, кој вчера беше уапсен во стан во центарот на Приштина, бидејќи потерницата по него е сè уште активна во земјата.
„Кога Интерпол ќе ги извести македонските власти дека Нацист е лоциран, тие ќе бараат негова екстрадиција“, велат од Министерството за правда.
Постои можност Нацист да биде екстрадиран во Македонија врз основа на меѓународни конвенции, но за тоа треба да одлучат косовските власти. Со оглед на тоа дека Нацист е косовски државјанин и дека е осуден и на Косово, неговата екстрадиција во Македонија е неизвесна.
Лирим Јакупи Нацист моментално се наоѓа во четириесет и осумчасовен притвор. Нацист како еден од најопасните криминалци на Балканот е осудуван и на Косово и во Србија и во Македонија за терористички напади и убиства.
Во август 2007.година со уште шестмина криминалци избега од затворот Дубрава, каде требаше да одлежи 40-годишна казна затвор.
На македонската јавност и стана познат во 2004 година по случувањата во Кондово, а истата година успеа ранет да и избега на полицијата. Тетовскиот суд го осуди во отсуство на 15 години затвор за недозволено држење оружје и распрскувачки материи, напад врз службено лице и за убиство. Тогаш на девет години беше осуден и неговиот соработник Џафер Шаља.
Двајцата со поголемо количество оружје и муниција дошле во стан на улица „Илинденска” во Тетово, во кој под кирија биле сместени тројца студенти од Косово. Кога полицијата се обидела да ги приведе Јакупи и Шаља почнале да пукаат со автоматска пушка и рачен фрлач. Еден полицаец беше тешко повреден, додека еден студент им подлегна на повредите.
Ранетиот Јакупи заедно со Шаља успеаја да побегнат на Косово. Јакупи, во 2007. година успеа да избега од селото Бродец, кога за време на полициската акција „Планинска бура“ беа убиени шест негови соработници./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.