Свет
Воспоставен контактот со руската сонда „Фобос“
Руските научници успеаја во четвртокот попладне да примат податоци од сондата „Фобос-Грунт“ која требаше на Земјата да испраќа податоци од месечината на Марс – Фобос, но пред две седмици остана во орбитата на нашата планета.
Руските научници успеаја во четвртокот попладне да примат податоци од сондата „Фобос-Грунт“ која требаше на Земјата да испраќа податоци од месечината на Марс – Фобос, но пред две седмици остана во орбитата на нашата планета.„Ги примивме сигналите од сондата и телеметриските податоци. Моментално нашите научници ги обработуваат примените податоци“, изјави Алексеј Кузњецов претставник на Руската агенција за вселенски истражувања – Роскосмос, за РИА Новости, Во средата опсерваторија на Европската вселенска агенција (ЕSA) во австралискиот град Перт ги прими првите сигнали од сондата. „Примените сигнали од Фобос-Грунт се многу посилни од примените на 22-ри ноември, особено поради тоа што подобро сме запознаени со точната позиција на сателитот на неговата орбита“, изјави Волфганг Хел од ESA.Пред 12 дена зачестените обиди од страна на руски и европски експерти за воспоставување контакт и придвижување на моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), не дадоа никакви резултати.Експертите се обидуваа да се „пробијат“ во системот за контрола на сондата, за да видат што се случува со него, односно да прецизираат каде настанал проблемот. Тие сакаа да ја добијат телеметријата, зашто доколку дојдат до неа, тие ќе можат да направат анализа и ќе се обидат да го репрограмираат апаратот.Доколку не бидат придвижени моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), во почетокот на декември несогорувајќи во густа атмосфера на Земјата, делови од вселенското летало може да паднат во неколку земји, во САД, Кина, во Африка, на Блискиот исток или неколку европски држави, како и во Австралија, Јапонија, Украина и Русија.Сондата „Фобос-Грунт“, наменета за вселенски транспорт и испорака на примероци од површината на месечината на Марс – Фобос, беше лансирана од космодромот Бајконур вечерта на 9-ти ноември. Таа беше лансирана со помош на двоетапната ракета „Зенит-2 Сб“ и работеше нормално, односно сондата без проблем се одвои од ракетата. Меѓутоа, моторите на меѓупланетарна станица не се активираа и таа не можеше да се движи по определената траекторија за нејзиниот меѓупланетарен лет и остана во орбитата на Земјата./крај/ рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

