Свет
Ахмадинеџад: Санкциите се детинеста идеја и голема грешка
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад смета дека меѓународните санкции кон неговата земја се „детинеста идеја“ и „голема грешка“
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад смета дека меѓународните санкции кон неговата земја се „детинеста идеја“ и „голема грешка“.
„Секако нашето уверување е дека со божја милост, иранската нација може да продолжи да се развива“, рече Ахмадинеџад во говорот одржан по повод отворањето на резервоарот за гас во Персискиот залив.
Американскиот претседател Барак Обама вчера рече дека ќе ги прошири економските санкции врз Иран, доколку таа земја продолжи да претставува „исклучителна закана“ за националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД.
Западните земји го обвинуваат Иран дека работи на развој на атомско вооружување и поради тоа досега Обединетите нации воведоа санкции врз Техеран во неколку наврати./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Шест лица загинаа, а осум се повредени при експлозија во ресторан во Чешка
Шест лица загинаа во експлозија и пожар во ресторан во Чешка, а уште осум лица со повреди се пренесени во болница, соопшти противпожарната служба. Според првичните изјави на сведоците, гасна греалка паднала и нејзината боца со пропан гас се запалила и експлодирала.
Несреќата се случила во ресторан во центарот на индустрискиот град Мост.
Според службите за итни случаи, пламенот невообичаено брзо се проширил.
V mostecké restauraci Kojot došlo k výbuchu propanbutanové lahve. Podle prvotních informací od svědků došlo k převržení ohřívače s následným požárem. Při tragédii zemřelo 6 lidí a dalších 8 bylo se zraněním převezeno do nemocnice. Na místě zasahuje 12 jednotek požární ochrany. pic.twitter.com/IdUSvwGQGz
— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) January 12, 2025
Околу 30 луѓе успеале да побегнат од ресторанот и соседните згради.
Velitel zásahu po příjezdu na místo rozhodl o zahájení hasebních prací a zároveň vyslal skupinu hasičů s útočným proudem hledat hosta restaurace uvězněného na toaletě. Těžce zraněného se ho hasičům podařilo z hořící budovy zachránit. pic.twitter.com/Itay7Sj8t7
— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) January 12, 2025
Според тамошните медиуми, пламените јазици биле високи од два до три метри, што се гледа и од ознаките на соседните згради, а градежниот инженер ќе испита дали е потребно да се урне објектот.
Полицијата отвори истрага поради сомнение за загрозување на животот и здравјето на луѓето.
Свет
(Видео) Украинците погодија една од најголемите рафинерии за нафта во Русија
Украински дрон погоди голема рафинерија за нафта во Нижнекамск (Татарстан), потврди шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко. Вработените беа евакуирани поради нападот, а на снимката се гледа како чад се издига од местото.
🔥A fire at the “Taneco” refinery in Tatarstan — one of Russia’s largest oil refineries, processing around 16.2 million tons of oil annually — after unknown drones visit.
By the way, the distance is ~1,300 km—quite significant, just saying. pic.twitter.com/elrLFS8nKy
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) January 11, 2025
– Рафинеријата игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската армија. Отстранувањето на рафинериите и нафтените магацини директно влијае на способноста на Русија да води интензивна војна – рече Коваленко.
Рафинеријата, која преработува повеќе од 16 милиони тони нафта годишно, беше цел на напад со беспилотни летала во пролетта 2024 година, предизвикувајќи штета на нејзината основна единица за преработка.
Рафинеријата Танеко се наоѓа во градот Нижнекамск, на околу 1.300 километри од границата со Украина.
Свет
(Видео) Се шират пожарите во Лос Анџелес, бројот на загинати се искачи на 16
Повеќекратните пожари кои веќе шест дена беснеат низ Лос Анџелес oдземаа најмалку 16 животи и се проширија во областите кои претходно беа поштедени. Единаесет смртни случаи се резултат на пожарот Итон во близина на Пасадена, а уште пет во областа Пацифик Палисадес.
Пожарникарите проценуваат дека повеќе од 5.300 домови се уништени во областа Пацифик Палисадес од вторникот и стравуваат дека повеќе од 7.000 згради се уништени или оштетени во пожарот во Итон.
Началникот на пожарникарите на округот Ентони Мароне предупреди дека опасноста од пожар останува висока поради силните ветрови, силниот воздух и сувата вегетација.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом изјави дека пожарникарите од Мексико пристигнале во Лос Анџелес за да им се придружат на повеќе од 14.000 луѓе кои веќе се борат со пламените јазици.
Калифорнија е исклучително благодарна за поддршката на нашите соседи во борбата против шумските пожари во Лос Анџелес“, напиша тој на мрежата X.
ABD'nin Kaliforniya eyaletine bağlı Los Angeles kentindeki Eaton yangınının yol açtığı yıkıcı görüntü 🇺🇲#deprem Fatih Altaylı #Diyarbakır pic.twitter.com/roC4qXBQfi
— Dexter MorgaN (@MehmetKarahanl) January 12, 2025
Канаѓаните продолжија да фрлаат вода и други противпожарни агенти на стрмните ридови во саботата за да го спречат ширењето на шумскиот пожар Палисадес во Лос Анџелес кон исток, додека гаснењето на пожарите на земјата се интензивираше поради предупредувањата за удари на ветер до 110 км/ч што може да ја влоши ситуацијата.
Во текот на изминатите 24 часа, пожарот во Палисадес се прошири на дополнителни 400 хектари.
Сега се заканува на густо населената долина Сан Фернандо, како и на музејот Гети и неговите непроценливи уметнички дела.
Наредбите за евакуација низ областа Лос Анџелес сега опфаќаат 153.000 жители, а уште 166.000 жители се предупредени дека можеби ќе треба да се евакуираат, рече шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.
Евакуираните сега се соочуваат со проблемот на зголемување на цените за изнајмување станови.
Во саботата, јавниот обвинител предупреди дека надувувањето на цените за време на катастрофа е „кривично дело казниво до една година затвор и парична казна од 10.000 долари“.