Македонија
За изборите ќе бидат ангажирани максимален број полицајци
За локалните избори кои што се закажани за на 24 март ќе бидат ангажирани максимален број на полицајци кои ќе обезбедат одвивање на слободни, фер и демократски избори, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Во Министерството за внатрешни работи во вторник се одржа работен состанок на оперативниот штаб на МВР задолжен за реализирање на обврските поврзани со претстојните локални избори.
Се детектираа ризичните точки врз основа на искуството од минатото, односно оние точки каде имало инциденти. Според неа, инциденти за изборите не се случуваат само во Западна Македонија, туку низ цела Македонија.
По одлуката на СДСМ и неколку други партии да ги бојкотираат изборите, Јанкулоска уверува дека министерството е подготвено да се справи со секаква ситуација. Доколку на денот на изборите се организираат протести, според Јанкулоска, министерството ќе постапи во рамките на своите надлежности за одржување на јавниот ред и мир.
„Ние во минатото сме имале искуство да функционираме и во услови кога имало инциденти и во услови кога изборите биле мирни. Нашите искуства покажуваат дека полицијата има капацитет да се справи со секаква ситуација. Не би сакал да коментирам политички одлуки на било кој политички субјект, меѓутоа од позиција на министер за внатрешни можам да им гарантирам на граѓаните дека во целос ќе можат да ги искористат своите права“ изјави Јанкулоска.
Оперативниот штаб е формиран по примерот на оперативните штабови од предхоните изборни процеси и освен централниот оперативен штаб на ниво на министерство за внатрешни работи формирани се и осум дополнителни оперативни штабови на ниво на сектори за внатрешни работи.
Тој ќе работи врз основа на акционен план којшто се однесува на активностите што треба да се случуваат до самиот ден на избори, односно до затворање на избирачките места и транспортирање на изборниот материјал до изборните комисии.
Точната бројка на полицајци се уште не е дефинирана, но според Јанкулоска, речиси сите полициски службеници се вклучени во изборниот процес. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

