Македонија
Раселените од Радуша идната недела пак на средба во Влада
Раселените од скопското село Радуша кои излегоа на протест пред Владата, не постигнале договор на средбата со советникот во Владата, Зоран Крстановски, кој денеска ги прими во Владата.
Раселените од скопското село Радуша кои излегоа на протест пред Владата, не постигнале договор на средбата со советникот во Владата, Зоран Крстановски, кој денеска ги прими во Владата.
Како што изјави Адроника Јовановска, претставник од Одборот на раселените од скопско Радуша, Крстановски им рекол да одат кај Народниот правобранител и да поднесат тужба против државата.
Претставниците на Одборот го одбиле овој предлог бидејќи веќе немале ни право да поднесат тужба.
Се договориле идната недела повторно да дојдат на средба во Владата за конечно да се договорат да се реши нивниот проблем.
Одборот на внатрешно раселени лица од село Радуша утрово излезе на мирен протест пред Владата заради „игнорантскиот однос на државата кон раселените лица од Скопскиот регион во изминатите 10 години и заради непостоење на конкретен план за решавање на овој проблем“.
Тие бараа прием кај премиерот Никола Груевски или кај членовите на неговиот кабинет за да ги известат кога и на кој начин трајно ќе биде решен нивниот проблем.
„Нашите семејства пет години поминаа во колективни центри и над пет години под кирија која ја плаќа државата. Ваквата состојба воопшто не води кон крајно решение, напротив го продолжува страдањето и несигурноста со која се соочуваме од 2001 година до денеска“, велат од Одборот за внатрешно раселени лица од село Радуша./крај//фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска е ослободена
Екс разузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“.
Кривичниот суд денес ја објави пресудата, пришто двајцата бегалци од правдата кои не беа екстрадирани од Грција добија казни за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа.
Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, доби ослободителна пресуда. Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.
„Тврдина“ беше дел од предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ По застарување на гонењето за Таргет“ за масовното прислушување пришто обвинет беше екс шефот на УБК, Сашо Мијалов, судењето продолжи за петмината обвинети.
Македонија
Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат
Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки, Кочанско.
Од ЦУК известуваат дека стапиле во контакт со екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот.
Стапено е во контакт и со братот на заглавеното лице.
„Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето што се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Тој ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“, велат од ЦУК.
Истовремено, има ново барање да им се исчисти првин патот (концесионерот ги одржува само патиштата што се под асфалт, а не и споредните патишта што се до маалата, а што не се асфалтирани), па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини
Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.
„Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Екипите на Претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ“, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.