Контакт

Вести

Сè повеќе ирачки Курди се враќаат дома разочарани од Европа

Објавено пред

Сè повеќе ирачки Курди, кои ризикувајќи ги своите животи го минале опасниот пат до западна Европа во потрага по подобар живот, разочарани се одлучуваат да се вратат во Ирак.

dobivaj vesti na viber

За да стигне до Германија, која за него била ветена земја, ирачкиот Курд Мохамед Азиз Кадир пешачел осум часа низ Турција, за потоа 20 часа се возел во преполн камион преку цела југоисточна Европа, пишува „Дејли телеграф“.Кадир сега се врати во својата куќа во Ирак, каде е само еден од сè поголемиот број на бегалци кои заклучиле дека опасностите и тешкиот живот во Ирак е подобар од животот во бегалските кампови во негостољубивата Европа.„Кога првпат стигнав во кампот ме шокираше разликата меѓу Берлин каков што го замислував и тоа што го видов на лице место. Ме третираа како граѓанин од втор ред, не се чувствував почитуван. Кога би дошол во центарот на градот, би било јасно дека сум бегалец од кампот“, изјавил дваесет и четиригодишниот Кадир.Хуманитарните организации за помош на бегалците наведуваат дека сè повеќе избегани Курди се враќаат во своите домови во Ирак, додека стотици илјади Сиријци, Ирачани и Авганистанци се одлучуваат на опасното патување преку Средоземното море во Европа.Според податоците од ирачкото Министерство за миграција, од минатата година ирачки Курдистан го напуштиле околу 25.000 луѓе. Меѓутоа, само минатата недела во Ербил, престолнината на овој регион, од Германија се вратила група од 50 курдски азиланти.Германија е најпривлечна дестинација за стотици илјади Ирачани и Сиријци кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток, но многумина се разочарани од она што го затекнуваат кога ќе дојдат во најголемата европска економија.Кадир поминал два и пол месеца во бегалски камп во предградието на Берлин. Тој се надевал дека во Германија ќе отвори пицерија и дека ќе заработува доволно за да му помогне на своето семејство во Ербил, дека ќе се ожени и ќе основа семејство во оваа европска земја.Меѓутоа, условите во кампот се влошувале како што пристигнувале сè повеќе бегалци. Количината на храна била ограничена, а во кампот важеле правила според кои требало да се вратиш од град во одредено време. И покрај тоа, во Германија значајно се зголемил бројот на случаи со насилство меѓу локалното население и бегалците, како и меѓу самите бегалци. „Поради лошата ситуација заклучив дека животот во мојата земја сепак е подобар“, изјавил Кадир.Слична приказна раскажал и триесет и петгодишниот Наваф Алијас кој се вратил во Ирак иако, за разлика од Кадир, дури немал ни куќа во која можел да се врати.Тој на криумчарите им платил 20.000 долари за да го префрлат него и неговиот син во Германија. Кога стигнале таму морале да делат една соба со уште двајца азиланти.„Германската влада ни обезбеди храна и 540 евра, но тоа не беше доволно. Мојот син беше тажен и осамен, немаше ниту пријатели, ниту роднини, а беше многу тешко да најдеме некој кој зборува курдски или арапски“, изјавил Алијас, кој сега живее повторно во шатор покрај курдскиот град Дохук.„Моите во село ме дочекаа баш убаво. Моите пријатели дојдоа да ме видат, пиевме пиво и пушевме, исто како во старите времиња“, вели Алијас./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната...

Македонија4 часа

(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

„На мое задоволство денеска сум дел од еден вака убав настан којшто ќе реши еден проблем што трае, еве, само...

Македонија6 часа

„Воведувањето кривична одговорност за судиите е неопходна, тие не смеат да бидат недопирливи“, Левица бара власта да го поддржи нивниот предлог

„Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска...

Македонија6 часа

(Видео) „Скандалозната најава од Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење веќе подготвени списоци со имиња на ‘подобните’ партиски кадри“, вели Кузеска

„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава...

Македонија8 часа

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање...

Економија8 часа

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните...

Македонија9 часа

„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп зборуваше за Украина, „глупавиот“ Бајден, „патриотот“ Маск, царините…

Доналд Трамп одржа говор на Конференцијата за политичко дејствување (CPAC). Тој често ја користи оваа конференција за да постави политички...

Македонија9 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3...

Свет11 часа

Полскиот претседател и Трамп се сретнаа, Белата куќа: Трамп ја пофали Варшава

Присуството на САД во Полска и Централна Европа треба да се зајакне, му порача полскиот претседател Анджеј Дуда на американскиот...

Свет21 час

Објавени сведоштвата на израелските заложници: „Изгубив 30 килограми“

Четворицата заложници, Тал Шохам, Омер Шем Тов, Омар Венкерт и Ели-Хе Коен, кои денеска се вратија во Израел, биле подложени...

Европа21 час

Полска ја демантира веста за одземањето на „Старлинк“ од Украина: „Ние им го купивме“

Полска ќе продолжи да плаќа за „Старлинк“ за Украинците, изјави министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски по извештаите во медиумите...

Европа21 час

Зеленски: На светот му треба гаранција дека Русија повеќе не може никому да донесе смрт

На светот му е потребна гаранција дека Русија повеќе нема да може да им носи уништување на другите народи, изјави...

Свет1 ден

„Њујорк тајмс“: Новиот предлог на Трамп за минералите е речиси ист како и одбиениот, дури е уште построг

Украина денес сериозно го разгледува ревидираниот предлог на САД за нејзините богати природни ресурси, кој ги содржи речиси истите услови...

Регион1 ден

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и...

Топ1 ден

Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи...

Топ1 ден

Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово. При...

Македонија1 ден

(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна...