Македонија
Прифатени амандманите на ВМРО, сега за името спори Нова демократија

Опозицијата, поради конструктивност ги прифатила четирите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на Стратегијата за решавање на спорот со името. Сега проблем околу нејзиното прифаќање прави Нова демократија на Имер Селмани
Имено, партијата на Имер Селмани денекса поднела три амандмани на Стратегијата, од кои едниот се однесува на рамноправната застапеност на етничките заедници во процесот на преговори и во изнаоѓањето на прифатливо решение за спорот.Опозицијата обвинува дека ваквото однесување на Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ е поради тоа што тие не сакаат Стратегијата воопшто и да биде ставена на дневен ред.Откако заврши координацијата која почна утрово, партијата на Селмани поднела амндамни со што ги врати назад координаторите на пратеничките групи во кабинетот на Трајко Вељаноски, како претседател на Собранието. Се уште е неизвесно дали Стратегијата ќе се најде на денешната седница.Инаку, ВМРО-ДПМНЕ се откажале за воведување на референдумот во Стратегијата уште во петокот. Два од четирите амандмани биле технички, додека двата како што веќе објави forum.com.mk се однесувале на терминот „компромис за името“ и за одговорноста.Имено, во Стратегијата на Стојан Андов пишува „каков било компромис околу името претпоставува јасна, недвосмислена потврда на македонскиот јазик, на македонскиот народ и неговиот идентитет“. ВМРО-ДОМНЕ бара наместо „компромис околу името“ да се стави „какво било решение за спорот“. Високи фукционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го оправдуваат со цел државата да не влезе во замка и на Грција да не и даде адут да рече дека македонската страна преговара за државното име, а не за референцата што е став на Македонија.Прифтен е и амандаманот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара да се утврди чија била одговорноста за спорот за името. Најголамата владејачка партија инсистирала на тоа дека во периодот од 1994 до 1998 година не била дел од власта ниту пак во Собранието со што не влијаела кога се донеле најзначајните документи, меѓу нив и Времената спогодба, во однос на спорот за името.Во стратегијата за спорот за името на Андов се посочува дека предмет на разговорите со Грција е само изнаоѓање решение за име што ќе ја замени привремената референца, без какви и да е измени на Уставот.„Уставот на Македонија не треба повторно да биде предмет на измени во контекст на процесот околу името… Македонија треба да инсистира на ставот на Советот за безбедност на ОН содржан во Резолуцијата 817, договореното решение да биде користено како замена за сегашната референца, односно за потребите на ОН“, пишува во стратегијата.По стратегијата следи и официјален дел на преговорите кои државата ги води со Грција во посредство на Обединетите нации. Специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, на 22 јуни во Женева ќе се сретне со претставниците на Грција и на Македонија, амбасадорите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски. По таа средба амбасадорот Нимиц ќе патува во Скопје, каде што ќе престојува на 6 и 7 јули, а на 7 и 8 јули ќе биде во Атина.Инаку, не се очекува дека на средбата во Женева, Нимиц ќе излезе со нов предлог за името. Оваа средба најверојатно ќе биде само подготвителна. Ќе се чека и исходот од новонастаната политичка состојба во Грција по европските избори на кои кај јужниот сосед победи ПАСОК, со што се отвора можноста за предвремени избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје поради сомневање за алсиикување исправа.
„Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото ’голф’ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски службеници им рекол дека е вработен во МВР, но не ја носел службената легитимација. При дополнителна контрола на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода“, соопшти МВР.
Против двете лица ќе бидат поднесени соодветни ријави по расчистување на случајот.
Македонија
Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи.
„Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во најтешките моменти“, велат од Град Скопје.
Во рамки на одбележувањето 62 години од земјотресот, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.
Македонија
На граничните премини Табановце и Пелинце се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, јави АМСМ. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, а времето на чекање е околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сојузот потсетува дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија на сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,