Контакт

Вести

По саудиското погубување на ал-Нимр, остри реакции на шиитите

Објавено пред

Откако властите на Саудиска Арабија во саботата извршија масовно погубување на 47 луѓе обвинети за „тероризам“, меѓу кои и истакнатиот шиитски клерик шеикот Нимр Бакер ал-Нимр, жесток критичар на сунитската династија Ал Сауд, дојдоа осудите од Иран, Ирак и Либан, како и изливи на гнев и протести на шиитските муслимани кои тврдат дека Ријад работи во полза на екстремната сунитска организација Исламска држава.

dobivaj vesti na viber

Шеикот Нимр ал-Нимр, 56-годишен, беше жесток критичар на сунитската династија Ал Сауд, и го предводеше опозициското движење формирано во 2011 година на истокот од Саудиска Арабија, каде живее најголемата шиитска заедница, која инаку е малцинство во земјата. Шиитите се жалат дека се маргинализирани во земјата којашто е позната по практикување на најконзервативниот облик на сунитскиот ислам. Ријад го осуди во октомври 2014 година за „бунт“, „непослушност кон монархот“ и „поседување оружје“, егзекутирајќи го и покрај повиците на шиитската регионална сила Иран да му го поштеди животот.

По потекло од мнозински шиитската Источна покраина на Саудиска Арабија, ал-Нимр во 1980 година се преселува во Иран каде се посветува на изучувањето на шиитскиот ислам. По враќањето во татковината стекнува голема популарност меѓу шиитите со своите пламени говори во кои сунтиските власти ги обвинуваше за експлоатирање и злоставување на своите шиитски граѓани и бараше поголеми права за ова малцинство кое сочинува околу 15 отсто од саудиското население

Во 2012 година ги поддржа протестите против владата во својата со нафта богата Источна покраина, вдахновен од востанијата ширум Блискиот исток кои започнаа една година претходно познати како Арапска пролет. Апсен е неколку пати, а последниот пат во 2012 година, кога поради тоа избувнаа жестоки протести во неговиот роден град Катиф и кога пророчки изјави дека „неговото апсење или смртта ќе бидат мотив за акција“.

Во Катиф во саботата маршираа десетици илјади шиити во знак на протест против неговото погубување и егзекуцијата на уште тројца шиити, со повиците „Долу семејството Ал Сауд“ Веднаш реагираше и Иран, кој ја обвини Саудиска Арабија дека премногу е концентрирана на истакнатите личности, наместо да се обиде на домашен терен да го искорени исламскиот тероризам.

„Наместо да се фокусира на терористите од Исламската држава која претставува закана за регионот и за целиот свет, Саудијците погубуваат истакнати личност како ал-Нимр“, соопшти портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Џабер Ансари.

Исто размислување го имаат и ирачките парламентарци кои тврдат дека ликвидацијата на ал-Нимр им служи на интересите на Исламската држава, која контролира големи делови од Ирак. „Погубувањето на шеикот ал-Нимр е услуга за Даеш (погрдна арапска кратенка за Исламската држава – з.р), кој поттикнува секташки војни и така ја шири својата територија“, изјави Хумам Хамуди, член на коалицијата Врховен совет на Ирак (ISCI).

Остри забелешки упати и поранешниот ирачки премиер Нури ал-Малики, најавувајќи крај на саудиската влада. „Остро ја осудуваме таа секташка практика и тврдиме дека злосторството со погубувањето на шеикот ал-Нимр ќе резултира со соборување на саудискиот режим, како што и злосторство на погубување на маченикот Мохамед Бакир ал-Садр го урна Садам Хусеин“, изјави Малики, алудирајќи на шиитскиот клерик убиен во 1989 година од страна на режимот на ирачкиот диктатор кој потекнуваше од сунитското малцинство.

„Тоа претставува страшно злосторство кое ги отвори портите на пеколот“к порача Касим ал-Араџи, челник на ирачката шиитска паравоена формација Бадр, и го повика официјален Багдад „веднаш“ да ги прекине дипломатските односи со Ријад. Истовремено се огласи и влијателниот клерик Моктад ал-Садр и ги повика шиитите во земјите од Персискиот залив на масовни протести.

Либанското шиитско движење Хезболах, исто така, го осуди погубувањето на шиитскиот првенец во Саудиска Арабија и цени дека „вистинската причина“ за неговото „убиство“ е тоа што тој бараше права за својот „злоставуван народ“, а не тероризмот

Либанскиот Врховен исламски шиитски совет го осуди погубувањето порачувајќи дека станува збор за „тешка грешка“, „Погубувањето на шеикот ал-Нимр е погубување на разумот, умереноста и дијалогот“, изјави соопштението потпретседателот на советот, шеикот Абдел Амир Калабан.

Јеменските Хути, моќно побунето шиитско племе кое со месеци е цел на бомбардирања на арапската сунитска коалиција којашто ја предводи токму Саудиска Арабија,, порачаа дека тагуваат по „светиот воин“. „Семејството на Саудите денеска погуби свет воин, големиот свештеник ал-Нимр, по лажното судење (..) несомнено кршејќи ги човековите права“, се наведува во текстот посветен на шеикот објавен на официјалната интернет страница Ал Мазира

Шиитските муслимани во Саудиска Арабија главно живеат во со нафта богатите источни области Катиф и ал-Ахса и со децении се жалат дека се дискриминирани, оти им се ускратени подобрите работни места и разни повластици кои ги уживаат сунитите исто така, се борат и против политичката репресија на саудиските власти кои ја практикуваат ултраконзервативната доктрина на сунитскиот вехабизам/крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија3 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија4 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија4 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија5 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија8 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ9 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет9 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет10 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет10 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет10 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија21 час

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...