Македонија
Иванов: Законот за безбедносните служби е во полза на државата и граѓаните
Решенијата ќе бидат резултат на заемните ставови што ги изградува државниот врв и ќе биде донесена одлука со консензус, така што, се што е во корист на државата, во корист на демократијата, и во полза на граѓаните и на Македонија, ќе добијатмоја поддршка, рече претседателот Иванов
Ова го изјави во понеделник Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, за Предлог законот за безбедносните служби кој се уште е во подготовка. Со работната верзија на законот се предвидува спојување на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и Военото разузнавање.Иванов додаде дека моделот на безбедносниот систем треба да биде функционален и кооридиниран, а особено во полза на државата и сите нејзини граѓани.„Ќе изградиме модел според нашите специфичности, кој ќе има систем со многу поголема координација и соработка, кој ќе биде интегриран систем. Државниот врв посветува сериозно внимание на функционирањето на целиот безбедносен систем зашто искуствата ни покажуваат дека досега немавме добра координација и добра размена на информации, затоа ги користиме сите позитивни искуства од Европа, добрите практики. Бидејќи нема единствен модел во цела Европа, настојуваме да имаме модел кој ќе биде функционален и кооридиниран. Така што решенијата кои ќе дојдат ќе бидат резултат на заемните ставови што ги изградува државниот врв и тоа ќе биде одлука донесена со консензус. Се што е во корист на државата, во корист на демократијата и во корист на граѓаните на Македонија ќе биде поддржано од мене,Тој изјави дека државниот врв посветува сериозно внимание на функционирањето на целиот безбедносен систем бидејќи досегашните искуства говореле дека до сега немало добра координација и добра размена на информации.„Затоа ги користиме сите позитивни искуства од Европа и добрите практики, бидејќи нема единствен модел за цела Европа и затоа нас ни треба модел кој ќе биде функционален и координиран,“ рече Иванов и додаде дека ќе биде одбран оној модел кој најмногу одговара за Македонија.На новинарско прашање за тоа дали би му пречело тоа што во нацрт законот за тајните служби кој е во игра, Претседателот како функција останува без ингеренции, Иванов одговори дека моделот кој ќе се избере ќе биде поинтегриран.„Не. Постојат решенија кои се земени од некои земји во Европа, меѓутоа ние ќе изградиме модел кој ќе биде специфичен за нас и нашите специфичности, систем кој ќе има многу поголема координација, многу поголема взаемна соработка и кој ќе биде навистина интегриран систем,“ рече Иванов.Претседателот информираше дека и од Евроамбасадорот Ерван Фуере биле побарани предлози за најдобрите европски практики во носењето на вакви закони.„Ние побаравме од него да ни дадат кои се најдобрите европски практики, каде тоа е применливо и што од тоа може да искористиме, но се уште е во фаза на разработка и на ниво на идеја сето тоа,“ изјави Иванов.Како што претходно соопшти Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Предлог законот за безбедносните служби предвидува постоење на две безбедносни служби. Овој нацрт–закон предвидува постоење на цивилна и воена разузнавачка служба. Според овој концепт, цивилните служби, односно Агенцијата за разузнавање и УБК ќе се спојат во една служба, а военото разузнавање и понатаму останува во ингеренции на министерството за одбрана. Новата служба, која ќе се нарекува, Управа за државна безбедност ќе биде под раководство на координативно тело со кое ќе раководи Министерот за внатрешни работи. Претседателот на државата ќе има свој претставник во координативното тело кое ќе управува со споената безбедносна служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

