Свет
Светот апелира за мир, а ајатолахот за сурови казни
Шефовите на дипломатиите на земјите од Групата 8 повикаа на итен прекин на насилството во Иран, со барање Владата да побара мирно решение
Шефовите на дипломатиите на земјите од Групата 8 повикаа на итен прекин на насилството во Иран, со барање Владата да побара мирно решение во спорот за претседателските избори, додека еден од водечките верски лидери во Иран побара строги казни за предводниците на протестите.
Министрите на Г8 на состанокот во Трст направиле напор да ги надминат меѓусебните разлики во ставовите кон Иран и да упатат апел за прекин на насилството.
Шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини рече дека Г8 не сака да се занимава со изборната процедура и да се вплеткува во внатрешните работи на Иран, но ја истакна потребата насилството веднаш да прекине.
Во меѓувреме, ајатолахот Ахмед Хатами во говорот на молитвата во универзитетот во Техеран рече дека предводниците на демонстрациите Владата треба да ги казни остро и сурово
Ајатолохаот во говорот пренесуван во целата држава рече дека Неда Ага Солтан, чие убиство стана симбол на отпорот, ја застрелале демонстрантите./крај/фонет/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија се обидува да стави крај на конфликтот во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се обидува да стави крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија може повторно да ја употреби ракетата Орешник доколку е потребно, но дека нема да брза да го стори тоа.
Тој посочи дека доколку е неопходно руската армија да употреби помоќно оружје со среден дострел, тоа ќе го стори, пренесува РИА.
„Русија одговара реципрочно. Некој користи одредено оружје против нас, а потоа ние го користиме истото“, рече Путин.
Свет
Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека 10 руски ракетни системи Орешник би можеле да бидат распоредени во републиката и призна дека овој број може да се зголеми во иднина.
Мислам дека засега има десет, а ќе видиме во иднина. Ако Русите сакаат да распоредат повеќе, ние ќе распоредиме повеќе, пренесува ТАСС.
Лукашенко, по состанокот на Врховниот државен совет на сојузната држава во Минск на 6 декември, рече дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го распореди „Орешник“ на територијата на Белорусија.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.