Свет
Никола Поповски ги чува пирамидалните фирми
Министерот за финансии Никола Поповски нема намера да и одговори на антикорупциската комисија, која пред три недели побара информации за случај од даночната пирамида.
Александра М. Митевска
Министерот за финансии Никола Поповски нема намера да и одговори на антикорупциската комисија, која пред три недели побара информации за случај од даночната пирамида.
– Министерот останува на тоа што го кажа. Комисијата го адресирала барањето на погрешна адреса – информираа вчера од Министерството за финансии.
Владата има донесено правилник со кој се уредува начинот на комуникација на органите на управата со антикорупциската комисија. Според тој правилник, органите на управа треба да одговорат на барање на комисијата во рок од 15 дена или до 30 дена, ако станува збор за посложен предмет.
И членови на антикорупциската комисија велат дека не се информирани дека стигнал одговор од Поповски.
– В четврток ќе одржиме седница и тогаш ќе видиме дали стигнала некаква информација од Министерството. Досега службите не ме информирале дека има допис од таму – наведува Драган Малиновски, претседател на комисијата.
Слаѓана Тасева исто така вели дека не е информирана дека Министерството за финансии испратило некаква информација. Таа најавува дека, ако нема одговор, комисијата повторно ќе потсети на својот допис до министерот.
– Ресорот за финансии е најповикан да одговори на прашањата поврзани со даночната пирамида. Тоа ги има механизмите и под негова капа се сите надлежни институции, како финансиската полиција, Управата за јавни приходи – објаснува Тасева.
Комисијата побара од Поповски поконкретни податоци, повикувајќи се на негова изјава, според која во даночната пирамида бил вмешан човек што од 1999 година до денес отворал и згаснувал повеќе фирми од кои извлекол околу 1,5 милијарда денари во готово. Според тоа, комисијата заклучила дека веројатно станува збор за организиран криминал во кој се вклучени повеќе правни субјекти и кој по правило секогаш е поврзан со корупција, со злоупотреба на службената положба или со перење пари.
Комисијата за борба против корупцијата побара од Поповски информации колку фирми формирало и згаснало тоа лице и како ги извлекло парите во готово и дали за тоа била известувана Дирекцијата за спречување перење пари. Се поставува и прашањето дали во тие фирми за сето ова време се правела контрола на материјално-финансиското работење и како е можно сите тие трансакции со формално основање и гаснење фирми да не се откријат толку долго време.
Антикорупционерите на крајот му напишале на Поповски и дека очекуваат да им ги достави што побрзо бараните податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

