Македонија
Маневски за последен пат ќе гласа за избор на судии

Министерот за правда Михајло Маневски на денешната седница на судскиот совет за последен пат ќе го искористи своето право на глас во Судскиот совет и ќе гласа за избор на 16 нови судии во Врховниот суд, Апелациониот суд
Министерот за правда Михајло Маневски на денешната седница на судскиот совет за последен пат ќе го искористи своето право на глас во Судскиот совет и ќе гласа за избор на 16 нови судии во Врховниот суд, Апелациониот суд, Основни судови, како и за донесување на одлука за избор на претседател на Основниот суд во Радовиш.Според најавеното, на денешната седница ќе се избираат тројца судии на Врховниот суд, двајца судии на Апелациониот суд во Скопје, тројца судии на Апелациониот суд во Битола, еден судија во Апелациониот суд во Штип, двајца судии во Основниот суд Скопје 1, еден судија на Основниот суд Крушево, еден судија на Основниот суд Куманово, тројца судии на Основниот суд Штип, како и претседател на Основниот суд во радовиш.Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет со кој што министерот за правда како член на Советот учествува во работата на Советот но без право на глас е на дневен ред на денешната седница во Собранието. Опозициската СДСМ вчера обвини дека Маневски и денеска на последниот ден како министер за правда ќе ја злоупотреби својата функција. Според потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска Данева на судскиот совет му е наредено да биде свикана седница на која за последен пат ќе учествува Михајло Маневски со право на глас. „Дали е точно дека ДПМНЕ преку Михајло Маневски брза да реализира уште неколку кадровски решенија во судството како награда на одредени лица за сработеното во предизборието?Дали е точно дека Маневски утре мора да издејствува унапредување на Туфегџиќ и негов избор во апелационен судија заради сработеното во аферата Пајажина“, изјави Ана Павловска – Данева од СДСМ.Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ пак се вели дека судски совет е орган конституиран врз основа на постоечките закони и Устав на Република Македонија и врз основа на нив тој ја врши својата работа./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)