Македонија
Косовскиот амбасадор повикан во МНР по палењето на македонското знаме
Косовскиот амбасадор Скендер Дурмиши денеска се сретна се Државниот советник за Југоисточна Европа и Регионални иницијативи Дејан Костадинов Петров, два дена по палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар во Качаник.
Косовскиот амбасадор Скендер Дурмиши денеска се сретна се Државниот советник за Југоисточна Европа и Регионални иницијативи Дејан Костадинов Петров, два дена по палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар во Качаник.
Двајцата соговорници, како што информираат од МНР, се согласиле дека „ваквите чинови треба да бидат најостро осудени и санкционирани од страна на официјалните институции, како и да бидат превземени итни превентивни мерки од страна на надлежните органи за спречување и повторување на истите во иднина“.
Петров и Дурмиши се согласиле дека случувањата на натпреварот Лепенци – Дрита не кореспондираат со добрите односи меѓу двете земји.
Дурмиши информирал дека косовските власти работат на деталите од инцидентот и на смирување на реакциите по настанот.
На средбата е пренесена и иницијатива на шефот на дипломатијата, Никола Попоски, за организирање на фудбалски натпревар меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, на кој би се демонстрирал европски манир на атмосфера за време на спортски настан. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
15-годишник возел автомобил полн со оружје, таткото заработи кривична пријава
Оружје било пронајдено во автомобил што го управувал малолетник кој овој месец наполнил 15 години, откако било запрен од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари. Полицијата, при вршење на редовна контрола, открила дека во автомобилот се наоѓале различни видови оружје, вклучувајќи два пиштола, еден со калибар 7,65 мм и другиот со 9 мм, како и сигнални пиштоли.
Понатамошната истрага покажала дека осомничениот, 55-годишен маж, неовластено држел огнено оружје и муниција, што е кривично дело според Кривичниот законик. Осомничениот имал и дозвола за поседување на еден од пиштолите, но другите биле без соодветни документи. Се истражуваат околностите под кои оружјето било во рацете на малолетникот.
„Јавниот обвинител го покрена случајот и достави предлог за мерки на претпазливост. Понудените мерки вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување кај службени лица, како и одземање на патната исправа и возачката дозвола“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Обвинителството ја нагласи важноста на оваа истрага, истакнувајќи дека се очекуваат дополнителни мерки против осомничениот, особено поради улогата што малолетникот ја имал во случајот, како и можната врска помеѓу осомничениот и нелегалната трговија со оружје.
Македонија
Влажните коловози и маглата го отежнуваат сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со наместа влажни коловози и намалена видливост поради магла. Според информациите од АМСМ, маглата го намалува видното поле на одредени делници, особено на патните правци Штип – Неготино, Неготино – Демир Капија – Удово, Велес – Скопје, како и Скопје – Куманово и Куманово – Скопје, каде видливоста е ограничена на 50-100 метри. На делниците Куманово – Страцин, Делчево – Македонска Каменица и Велес – Штип, видливоста е до 100 метри, додека на патниот правец Скопје – Тетово се намалува на само 20-50 метри.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува на возачите внимателност, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација. Особено се препорачува претпазливост на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Критични делници за одрони се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Возачите потсетуваме дека од 15 ноември 2024 година започна обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска останува на сила до 15 март 2025 година.
Македонија
Магла наутро, сонце попладне, УХМР открива што нè очекува следните денови
Времето денеска во Македонија ќе биде претпладне магловито по одделни котлини, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според УХМР, ќе дува слаб северозападен ветер, а температурите ќе се движат од -3 до 3 степени наутро, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Скопје, граѓаните претпладне ќе се соочат со магла, но преку ден времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура во главниот град ќе изнесува 0 степени, додека максималната ќе се искачи до 12 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира стабилен и релативно топол период во следните денови, особено на планините и на повисоките места, каде што снежната покривка ќе продолжи да се топи. Во котлините, пак, ќе преовладува магловито и постудено време. Единствено, во среда се очекуваат локални врнежи од дожд.