Македонија
Груевски ја повика дијаспората да инвестира за поуспешна Македонија
Премиерот Никола Груевски денеска ја повика македонската дијаспора за поактивно вклучување во сите реформски процеси во Македонија, во привлекувањето на странски инвестиции и подобрувањето на економската состојба, како и во интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
Премиерот Никола Груевски денеска ја повика македонската дијаспора за поактивно вклучување во сите реформски процеси во Македонија, во привлекувањето на странски инвестиции и подобрувањето на економската состојба, како и во интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
Пред присутните претставници од македонската дијаспора, домашни и странски гости и претставници од дипломатскиот кор во Македонија на денешната конференција „20 години независна Република Македонија – постигнувања и перспективи на современата македонска држава“, Груевски истакна дека во стратешкиот поход за освојување на нови успеси, значајно место зазема македонската дијаспора.
„Националното, етничкото и политичкото обединување на теми од врвен национален интерес е целта што треба да ја оствариме, така ќе ги обезбедиме нашите природни и политички права кои нè определуваат и идентитетски и вредносно. Верувам дека денеска на човек може да му се одземе сè, но не она што е највредно, потеклото, спомените и чувството за припадност. Ги носиме во својата душа како македонски и никакви поинаку. Велат дека денеска е моќен оној кој е обединет, а такви ние треба да станеме“, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека дијаспората е еднаква тула во бедемот за одбрана на македонските национални интереси.
Од земја жариште, како што рече тој, денес Македонија е земја промотор на мирот и регионалната стабилност.
„Лузните кои стојат во развојот на секоја земја, а кај нас се огледуваат низ проблемите со процесот на приватизацијата, задоцнетиот приклучок кон евроатланските интеграции во деведесеттите години, конфликтот, оставија сериозен белег, но тие говорат за тоа каде сме биле, а не каде одиме. Не можеме да се вратиме од почеток, но може да почнеме од сега и да изградиме поинаков крај“, нагласи Груевски.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски посочи дека ресорот со кој раководи и македонската дипломатија 20 години успешно работат на етаблирањето на македонската држава на меѓународен план, за што, како што рече, сведочат големиот број дипломатско-конзуларни претставништва, 1.015 склучени меѓународни договори, членство во 103 меѓународни организации и регионални иницијативи, либерализацијата на визниот режим и успешното претседавање со комитетот на министри на СЕ.
И тој побара поддршка од македонската дијаспора за остварувањето на сонот на Македонците за самобитност и државност.
„Претставниците од дијаспората со бројни успеси остварени на многу полиња и во различни земји придонесуваат за афирмација на независна Македонија и се вбројуваат во нашите најдобри амбасадори“, рече Попоски.
Тој посочи дека стратешки приоритети на МНР остануваат надминувањето на спорот со името и евроатланските интеграции.
Конференцијата ја организира македонското МНР, а е во рамки на активностите за прослава на 20-годишната од независноста на Македонија./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски: Со бесплатните Wi-Fi зони и електронските уреди го надминуваме дигиталниот јаз меѓу студентите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите.
„Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори,“ изјави Андоновски.
Министерот се осврна и на проектот за ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој што рече дека со овие два проекти се овозможува надминување на дигиталниот јаз кој што постои меѓу студентите.
Во рамки на посетата, тој се обрати и пред студентите, потенцирајќи дека државата и Владата веруваат во нивните способности и им даваат безрезервна поддршка. Тој ги охрабри студентите да ја користат секоја можност, да учат, да напредуваат и да созреваат, бидејќи „тие се иднината која треба да ја води Македонија напред“.
Македонија
СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување
На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев.
Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. Таа нагласи дека токму фирмата во која тој сега работи склучила рамковна спогодба со Владата за софтверски лиценци за виртуелна платформа.
„Како лица кои биле дел од разузнавачки структури, поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување, денес повторно се во игра за милионски тендери за софтвери?“, праша Кузеска, додавајќи дека изборот на истите кадри од „тој период“ не може да биде случаен.
Таа оцени дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма со само две лица и формирана пред една година, покажува дека кај Мицкоски се применуваат „истите методи“ како во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„Методите се исти – милионски тендери за фирми со сомнителна историја, целта е богатење на партијата и поединци од врвот на власта“, изјави Кузеска.
СДСМ побара институциите да спроведат истрага и да утврдат одговорност, истакнувајќи дека „овие дела не застаруваат“ и дека, како што рече, „одговорност мора да има и ќе има“.
Кузеска заклучи дека „работата сè уште не е завршена“.
Македонија
Штрајк на земјоделците ја блокира грчката страна на граничниот премин Дојран
Сообраќајот на граничниот премин Дојран од грчка страна денеска е блокиран од 10.30 до 12.30 часот поради штрајк на земјоделците, соопштија надлежните служби.
Прекинот важи за сите видови возила.

