Контакт

Свет

Проди: Берлускони подготвува диктатура

Објавено пред

Владејачката коалиција со нејзиниот проект за уставни реформи “создава услови за модерна и мошне опасна диктатура на парламентарното мнозинство, односно на самиот премиер”, изјави денеска Романо Проди на средбата со претставници на партии од опозициониот блок, по повод најавените уставни реформи.

dobivaj vesti na viber

Владејачката коалиција со нејзиниот проект за уставни реформи “создава услови за модерна и мошне опасна диктатура на парламентарното мнозинство, односно на самиот премиер”, изјави денеска Романо Проди на средбата со претставници на партии од опозициониот блок, по повод најавените уставни реформи. Според него, левицата ќе се бори на секој начин против сериозната опасност за демократијата во земјата. Тешките обвинувања, Проди ги појаснува со фактот дека реформите предвидуваат зголемување на надлежностите на Владата и Премиерот, истовремено доделувајќи му “понижувачка улога” на Парламентот, маргинализирајќи го Претседателот и опозицијата./крај/стл/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

НАСА откри нова планета со можни услови за живот

Објавено пред

Со помош на телескопот Џејмс Веб, НАСА ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живит.

dobivaj vesti na viber

Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживеат живите организми.

Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува ABC News.

Ова е прво директно снимање на планетата од телескопот Веб, користејќи техника со висок контраст што овозможува набљудување на бледи објекти покрај светли ѕвезди.

Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за потеклото и структурата на планетарните системи, објавува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Топлотен бран во Шпанија: регистрирани 102 смртни случаи

Објавено пред

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со висока температура и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo).

dobivaj vesti na viber

Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни оваа година, кој според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet), беше оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот „Елмундо“.

Податоците на MoMo покажуваат дека вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со топлина и студ се регистрирани во првата половина од годината, што претставува 68 проценти од вкупниот број смртни случаи поврзани со топлина за целата 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртни случаи. Јуни беше месецот со најголем број смртни случаи поради топлотен удар, при што понеделник, 30 јуни, беше денот со најголем број смртни случаи – 46, додека недела, 28 јуни, имаше 32 смртни случаи, што е ист број како и целиот јуни 2024 година.

Во јуни 2024 година немаше топлотни бранови, а просечната температура беше 19 степени Целзиусови, што го прави еден од „постудените месеци“ на Иберискиот Полуостров од април 2022 година.

Најголем број смртни случаи во јуни 2025 година е забележан кај жените – 237, додека поголемиот дел од жртвите беа над 65 години, а граѓаните над 75 години се особено изложени на ризик. Според податоците на Aemet, просечната температура во јуни оваа година изнесуваше 23 степени, што е за 0,8 степени повисоко од претходниот рекорден јуни од 2017 година, додека зголемувањето во споредба со просечната температура за периодот од 1991 до 2020 година изнесуваше дури 3,5 степени.

Јуни годинава започна со температура која надмина 43 степени во неколку градови на југот од Иберискиот Полуостров, а највисока температура е забележана во општината Алкончелу и Фуентес де Андалузија, каде што температурата достигна 43 степени, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Како несмасен дедо кој флертува“: коментарот на Трамп до новинарка предизвика хаос на социјалните мрежи

Објавено пред

Доналд Трамп предизвика бран критики на социјалните мрежи откако ја нарече новинарката „прекрасна“ за време на настан во Белата куќа – и покрај советот од неговата портпаролка да не го прави тоа.

dobivaj vesti na viber

Непријатниот момент се случи во петок, 27 јуни, за време на потпишувањето на мировниот договор меѓу Демократска Република Конго и Руанда, кој се одржа во Белата куќа. На церемонијата присуствуваа министрите за надворешни работи на двете земји – Тереза ​​Кајквамба Вагнер од Конго и Оливие Ндухунгирехе од Руанда – како и Џеј Ди Венс и Марко Рубио.

Во еден момент, новинарката Харијана Верас, дописник од Ангола, се појави на говорницата, пофалувајќи го американскиот претседател за неговата улога во мировниот процес и изразувајќи надеж за траен мир.

Трамп потоа одговори со коментар што предизвика мешани реакции: „Тоа е толку убаво кажано. Каролина (портпаролката на Каролина Ливит) ми рече, првото нешто што го кажа беше: „Немој да го кажуваш тоа, политички е некоректно… Но, таа рече дека си убава. И ти си навистина убава!“

„Знам дека не треба да го кажувам тоа, знаете? Можеби е крај на мојата политичка кариера, но сепак ќе го кажам. Прекрасна си – и однатре и однадвор. Би сакал да имам повеќе новинари како тебе“, додаде тој. Верас му се заблагодари, а тонот на Трамп беше, според очевидци, хумористичен и лежерен.

Сепак, реакцијата на интернет не беше блага.

Корисниците на Редит го нарекоа однесувањето на Трамп „морничаво“ и „несоодветно“. Еден корисник напиша: „Трамп ја нарекува новинарката ‘прекрасна’ на средина од интервју… Навистина морничаво однесување“. Друг коментираше: „Како несмасен дедо што флертува со келнерка (а не остава бакшиш).“

Од друга страна, неговите поддржувачи тврдат дека тоа бил безопасен комплимент, но критичарите предупредуваат дека ваквите изјави испраќаат порака за несоодветни стандарди на однесување кон новинарките и жените воопшто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ57 минути

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион4 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа4 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа5 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет5 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет5 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет5 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет5 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија14 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија14 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија18 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија20 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија21 час

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ22 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија22 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија23 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија23 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија23 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет1 ден

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...