Свет
Набавки на ситно, злоупотребите на големо
Била воспоставена практика набавката да се дели на повеќе делови за да се избегне распишување оглас за прибирање понуди
Била воспоставена практика набавката да се дели на повеќе делови за да се избегне распишување оглас за прибирање понуди
Медицинскиот центар во Тетово набавувал лекови и медицински материјали спротивно на Законот за јавните набавки со што се создале можности за злоупотреби, корупција и за набавки по повисоки цени, утврдил Државниот завод за ревизија во својот извештај за 2004 година..
Ревизорите утврдиле дека на овој начин пред две години се потрошени над 76 милиони денари. Во периодот од 17 март 2003 година до осми октомври 2004 година директор на овој центар бил Шинаси Гафури, а потоа бил назначен Љутви Зулбеари.
– Директорот ги набавувал материјалите директно од доставувачите. Формално биле донесувани одлуки за набавки од 3.000 евра во денарска противвредност. Била воспоставена практика набавката да се дели на повеќе делови за да се избегне распишување оглас за прибирање понуди. Медицинскиот центар не ги почитувал и претходно склучените договори со доставувачи што биле избрани на тендер за набавка на лекови и медицински материјал и склучувал договори за набавка со фирми што не биле избрани за најповолни понудувачи – се истакнува во извештајот на ревизорите.
Медицинскиот центар трошел ненаменски и незаконски пари за реконструкција на покривот на хируршкиот блок, за изградба на дијагностички ургентен центар и надградба на диспанзер за бели дробови. За реконструкција на покривот биле преземени обврски од над 6.5 милиони денари и покрај тоа што од Фондот за здравствено осигурување биле обезбедени само 2 милиона денари. Раководството предвидело дека преостанатите над 4.5 милиони денари ќе ги обезбеди од свои извори во 2003-та и во 2004 година иако Медицинскиот центар работел со загуби, што е спротивно на Законот за јавните набавки и за буџети. И покрај тоа што не биле обезбедени донации како што било истакнато во документацијата за изградбата на дијагностичкиот центар, сепак биле преземени обврски од 3.2 милиони денари за негова изградба. Според ревизорите, и оваа постапка на раководството е спротивнаа на законите за јавни набавки и за буџети.
– Центарот располагал и со станови и деловни простории за кој немало обезбедено документација. Станбените и деловните простории биле нереално проценети на над 15 милиони денари. Центарот не го известил Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор дека располага со станови и деловни простории, што е законска должност – утврдиле ревизорите.
Директорот на Медицинскиот центар Љутви Зулбеари вчера не беше достапен за коментар.
Митко Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

