Свет
Две експлозии во центарот на Махачкала
Во вторник навечер во центарот на главниот град на Дагестан одекнале две експлозии, при што има се уште не утврден број повреден, изјавил за РИА Новости, претставник на министерството за внатрешни работи
„Според првичните податоци, од првиот експлозијата биле повредени две лица. Едниот од нив е синот на Камиљ Етимбеков, полковник на руското Федерално биро за безбедност (ФСБ), кој беше убиен во 2004 г. во дворот на истата куќа“, изјавил соговорникот на агенцијата коој додал дека и второто рането лице исто така бил во роднински врски со Етимбеков.Двете жртви се хоспитализирани во сериозна состојба. Според првите информации, експлзовната направа од се уште не востановено потекло била активирана или под или во самиот автомобил паркиран на една од централните улици во Махачкала.Втората експлозија се случила педесетина метри подалеку од првата, во интервал од само неколку минути. Ексползивната направа била ставена во контејнер за жубре, но од оваа експлозијата никој не бил повреден. Убиенот во јуни 2004 година Камиљ Етимбеков, како што пишуваа тогаш руските медиуми, ги водел истрагите околу големите терористички напади во оваа руска северно-кавкаска република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.