Македонија
????????: ?????? ???? ?? ?? ????????? ????????? ????????

Намерите на Скопје се да ја заобиколи Времената спогодба и резолуцијата на Советот за безбедност преку наметнување на употребата на уставното име Република Македонија, рече грчкиот застапник Мариа Телалиан, на последниот ден од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција.
Намерите на Скопје се да ја заобиколи Времената спогодба и резолуцијата на Советот за безбедност преку наметнување на употребата на уставното име Република Македонија, рече грчкиот застапник Мариа Телалиан, на последниот ден од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција.Според неа, Грција настојува да воспостави пријателски односи со земјава, но тоа не било можно поради одбегнувањето на обврските од страна на Македонија.„Се соочувате со итра стратегија, која што има за цел да ја занемари, да ја заобиколи Времената спогодба и Резолуцијата на Советот за безбедност“, рече Телалиан.Според грчката одбрана, не било точно дека со противењето на Атина за влез на Македонија во евро-атланските структури се нарушувала регионаланта стабилност, туку реалната закана ја гледаат во идејата за етничка Македонија.„Кажувајќи дека подносителот (Македонија) не сака монопол врз спорното име, подносителот всушност тривијализира една грижа која што е од големо значење за мојата земја. Ова ги покажува вистинските намери на подносителот и воопшто не се наивни. Таквите вистински намери можат да се видат во учебниците, картите, енциклопедиите, изјавите на нивните официјални претставници, каде што се изнесуваат наводи за историска неправда и кадешто се вели дека географските и етничките граници на подносителот ги надминвуаат неговите сегашни граници и опфаќаат територии кои што се под владение на Грција и Бугарија. Ова е вистинската закана за регионалната стабилност“, рече Телалиан.По Телалиан, пред судот грчките аргументи ги образложува професорот Мајкл Рајсман. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.