Македонија
Отворена канцеларија и инфо центар за енергетска ефикасност на Скопје

Во просториите на Градското собрание денеска беше отворена Канцеларијата за управување со енергијата и Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори, како дел од Регионалниот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“, целосно финансирана од ГИЗ.
Во просториите на Градското собрание денеска беше отворена Канцеларијата за управување со енергијата и Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори, како дел од Регионалниот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“, целосно финансирана од ГИЗ.Во канцеларијата ќе се врши надзор на потрошената електрична енергија, нафта, гас, и вода во сите објекти кои се во сопственост на градот, анализа на податоците за потрошената енергија, спроведување на енергетски оценки за објектите во развој и предлагање на проекти за подобрување на енергетска ефикасност, подготовка на извештаи за потрошената енергија и за постигнатите резултати, подготовка на проекти за пристап до разни ЕУ фондови и нивно следење, планирање на енергијата на локално ниво и раководење на енергетските ресурси.Градоначалникот Коце Трајановски кој денеска заедно со заменик амбасадорот на Германија, Валтер Лојкс, ја отворија канцеларијата истакна дека Градот веќе започна серија активности и проекти за подобрување на енергетската ефикасност, меѓу кои потпишувањето на меморандумот за разбирање со градоначалниците на Љубљана, Сараево и Подгорица.„Со Иницијативата наречена повелба на градоначалниците на Европската Унија, Скопје влезе во клубот на градови чија цел е да ги намалат емитувањата на стакленични гасови за повеќе од 20 отсто до 2020 година. Лично ја потпишав во мај 2010 година во Брисел заедно со уште 1 700 други градоначалници“ – рече ТрајановскиТрајановски истакна дека градот има за цел да ги намали трошоците за енергија во износ од најмалку пет отсто, секоја година во текот на следните пет години, да ја намали емисијата на стакленички гасови на минимум за истиот период, да управува со трошоците за енергија за подобрување на економската ефикасност на објектите и континуирано да работи на зачувување на животната средина. Според заменикот на германскиот амбасадор Валтер Лојкс, во оваа држава постојат уште многу можности за искористување на обновливите енергии, а една од нив е поставувањето на термосоларни постројки на самите кровови за снабдување на домаќинството со топла вода. Претставникот на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност и раководител на проектот Владимир Калински рече дека една од целите на инфо центарот е на граѓаните на Македонија да им ја приближи темата, како да се намалат трошоците за енергија во нивните домови.„Една од мерките е да им се приближи на граѓаните енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во овој денешен свет кога енергијата и климата во самите политички односи се две најважни теми – истакна Калински.Константин Димитров кој е дел од тимот кој го изработува акциониот план за енергетска ефикасност на Скопје смета дека загадувањето на животната средина може да се намали во сообраќајот, во јавното осветлување и во намалување на трошоците за загревање на зградите.„Треба да се предвиди од каде ние загадуваме. Зградите многу трошат енергија за загревање, бидејќи немаат добра изолација, трошат многу повеќе енергија. Втора насока е сообраќајот. Сите мерки кои се предвидени во акциониот план за енергетска ефикасност што треба градот скопје да превземе во следните десет години е да се намали загадувањето од автомобилите, што подразбира подобар јавен превоз и подземни улици под центар на Скопје. А со релативно мали инвестиции и во јавното осветлување можат да се постигнат добри заштеди“ – додаде Димитров. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.