Македонија
Иванов повика на дебирократизација на македонската дипломатија
Дебирократизацијата е дел од задачите на кои во следниот период треба да работи македонската дипломатија, смета претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска го посети Министерството за надворешни работи.
Дебирократизацијата е дел од задачите на кои во следниот период треба да работи македонската дипломатија, смета претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска го посети Министерството за надворешни работи. Според Иванов, потребно е зголемување на слободата на делување на македонските амбасадори со паралелно зголемување на одговорностите според кои ќе биде оценувана нивната работа. „Претседателот Иванов најави поригорозна анализа и оценување на работата на амбасадорите по следниве критериуми: Јавна дипломатија – поголем ангажман и присуство на амбасадорите во јавната дипломатија, во медиумскиот и општествениот живот во земјата на акредитација, промоција на македонското стопанство и економската соработка, промоција на културните вредности на Република Македонија“, соопштуваат од Кабинетот на претседателот и од МНР. Претседателот Иванов, во рамки на посетата на министерството, одржа предавање пред младите дипломати, на кое направи рекапитулација на постигнувањата на дипломатијата во изминатите 20 години. Истовремено, Иванов покрена иницијатива за Одликувања за заслужни странски амбасадори по завршувањето на нивниот мандат во Македонија, што преставува нов тип на одликување што не е предвидено со сегашната законска регулатива и е надвор од надлежноста на комисијата за одликувања и признанија на претседателот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонскиот концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува „неодговорната и провокативна“ изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет, велат од Македонски концепт.
„Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Од таму додаваат дека остануваат посветени на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Македонија
(Видео) СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, рече Петрушевски
„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.
СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.
СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.
Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР