Контакт

Македонија

Котелецот на криминалот се размотува

Објавено пред

Кога во соседството и во државата има неколку сведочења за криминалот правен во времето кога Фрчкоски беше министер на полицијата која требаше да се бори со него, не може а да не се постави прашањето за неговата ролја во спиралата која 18 години се рефлектира врз кредибилитетот на државата

dobivaj vesti na viber

Минатата година Форум го презентираше сведочењето на Петрит Аме, една од најконтроверзните личности што последниве две децении се појави на балканските простори, како алка меѓу криминалното милје и политичарите. Од големиот материјал, во кој се споменуваат имињата на српските и на македонските политичари сместени во бизнис-зделки со лица кои беа познати по криминални работи од кои се финансираа специјални операции на тајните служби, а и режимот на Слободан Милошевиќ, недвосмислено произлезе и мотивот за атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, во моментите кога тој побара да се спречи влијанието на организираниот криминал во државата. Нашите тврдења беа дека токму најавата за прекинување на криминалниот балкански синџир на финансиите на Милошевиќ е основната причина криминалот и политичарите како заложници на тајните служби да се решат за ликвидација на македонскиот претседател. А, кога се знае, дури тоа никогаш не беше ниту сокривано, поврзаноста на македонските политичко-криминално-бизнис-разузнавачките структури со исто таквите српски, не може да се остане инфериорен кон нештата од оваа сфера кои одвреме-навреме испливуваат на површината. Со цел да се детектираат вистинските причини кои доведоа до тоа перспективната млада македонска самостојност да биде посипана со криминален пепел во кој, за жал, уште години ќе се прпелка. И, се разбира, да се откријат протагонистите на ваквиот злостор кон сопствената држава и нација, кои повремено се појавуваат на политичката сцена како самонабедени наши месии, бранители на демократијата и на граѓанските слободи?! Незгодни сведоциПоследните неколку процеси во соседна Србија, како што е оној на Јездимир Василевиќ, сопственик на пропадната банка Југоскандик, во која исчезнаа 190 милиони германски марки, јасно упатуваат на заклучокот дека Македонија на чело со Бранко Црвенковски, следен од Љубомир Фрчкоски и тајфата, го финансирала не само Слободан Милошевиќ, туку и злосторничката војна на етничко чистење во Босна и Херцеговина. Толку ефикасно и профитабилно, што заслужуваат да завршат во Хаг како воени профитери. Се разбира, откако ќе одлежат во Македонија за атентатот и грабежот на заедничкиот имот!Газда Језда, имено, сведочи дека губењето на парите и нивното “перење” било под директно влијание на оперативците на Милошевиќ за купување оружје и за финансирање на тајната полиција.  И дека тој бил изнесен од Србија по наредба токму на разузнавачките шефови.  Сретен Јоциќ со прекар Јоца Амстердам, пак, само седмица подоцна на 7 април пред истиот белградски Окружниот суд се бранеше дека не го нарачал убиството на Горан Марјановиќ, викан Гокси Бомбаш, во јули 1995 г., во спортскиот центар Олимп во Белград.“Не го познавам Марјановиќ, ниту со него сум бил во судир”, тврдеше Јоциќ.Тој е обвинет дека на полицајците Миодраг Продановиќ и Бојан Милосавлевиќ во јули 1995 г. им платил 50 илјади германски марки да го убијат Марјановиќ и човек со прекар Дуцо.Јоциќ на сведочењето раскажа дека по десет години престој во странство се вратил во Србија во 1992 г., затоа што го повикале поради одредени позиции кои ги имал во безбедносно-дипломатските структури на СРЈ (Сојузна Република Југославија).“Помагав на српската влада да набави технички средства, енергија и хуманитарна помош, а во Бугарија, Романија и Македонија лобирав да бидат ‘малку флексибилни’ во однос на прашањето на санкциите против СРЈ. Беше договорено никој од нас да не заработи ништо за тој патриотски чин. Меѓутоа, во 1994 г. ми стана јасно дека поединците од партијата почнаа да се богатат”, раскажува Јоциќ на судењето.Тој нагласи дека поради тоа дошол во судир со тогашниот прв оперативец на српското Министерство за надворешни работи на Србија, Радован Стојичиќ Баџа, кој му се заканувал, по што морал да замине во Бугарија. Баџа, подоцна, да потсетиме, беше брутално ликвидиран среде бел ден во еден белградски локал. “Таму ме штитеше нивниот разузнавачки сектор, Бојко Борисов, кој подоцна стана градоначалник на Софија, и Николај Гигов, сопственик на фудбалскиот клуб Локомотив, со кој имав бизнис-релации, бидејќи тој беше легален трговец со оружје. Може малку е чудно, но таква беше соработката”, изјави Јоциќ.Како се одвивал државниот шверц?Во текот на 1993 и 1994 г. на територијата на Балканот се формирани многу моќни шверцерски илегални лоби-групи, раскажува во едно свое интервју Јоца Амстердам.Меѓу нив најмоќна била тутунската мафија, или како што ја нарекуваа – Балканска тутунска мафија. Поради силните санкции, кои во тој период ги трпеше, Југославија стана погодна почва за да процветаат сите облици на прилично доходовно воено профитерство.Дури и партијата на Милошевиќ – СПС (социјалистичка партија на Србија), која ја држеше целата држава под контрола, влезе во бизнисот преку одредени политичари, службеници во царинските служби и Министерството за внатрешни работи, како и во тајните служби. Но, тие не инвестираа и не учествуваа директно во распределбата, туку само посредно со цел да не бидат искомпромитирани. Така целата работа ја организираше и контролираше тутунската мафија, која не ја сочинуваа само најголемите шверцери од Балканот, туку од целиот свет. За таа цел, мафијата на располагање ја имаше царината, полицијата, банките… Приходот од бизнисот се делел така што 60 отсто добивала мафијата, а 40 отсто српската држава. Процедурата била крајно едноставна со оглед дека ја имала поддршката од владата.“Цигарите главно пристигнуваа од бесцаринските зони во Бугарија и Македонија (н.з. тоа се фри-шоповите кои се врзуваа со името на братот на Љубомир Фрчкоски, во тоа време министер за внатрешни работи), а од таму со камиони стигнуваа до крајната дестинација – Србија). На царина стоката обично се декларираше како “сунѓери”, или нешто слично што не бара посебни проверки. Бидејќи Бугарите и Македонците, според договорот добиваа по 10.000 долари од секој камион, царинските служби ги дочекуваа и пропуштаа обележаните камиони без проблем, бидејќи тоа и онака беше наредба од Милошевиќ. Од царина до Белград, камионите се испраќаа со задолжителен ескорт од два полициски џипа и осум полицајци. Во царинските документи, како крајна дестинација беа наведувани Република Српска и Република Српска Краина, иако цигарите остануваа во Србија. Тоа беше правено за да изгледа стоката како транзитна”, признава Јоца Амстердам во едно свое интервју.Целата работа од државна страна, ја водел тогашниот српски заменик-министер за внатрешни работи, генерал потполковник Радован Стојичиќ Баџа, додека главен човек бил Вања Бокан, од Атина.Секој кој ќе се обиде неовластено или, пак, неповикано ќе се вклучи во работата, веднаш бил најстрого казнет, цигарите на лице место веднаш му биле одземани, некои биле физички малтретирани и уценувани, а повеќето по кратка постапка биле ликвидирани.На ова место од сведочењето на Јоциќ, недвојбено се надоврзува и исповедта на Петрит Аме, забележана во записникот од разговорот направен со него во просториите на Државна безбедност и контраразузнавање, што ја докажува вмешаноста на македонските транзициони политичари во криминалните активности. Тие, како што сведочи Аме, не само што овозможувале одвивање на прекуграничниот криминал, туку и најдиректно биле инволвирани во него и имале материјална полза. Петрит кажува и за перењето пари од илегална продажба на цигари кое, како што тврди, а што никогаш не е демантирано, се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски. Тоа се вршело преку фри-шопот “Челебија”, при што цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари (во тоа време јавна тајна во Скопје беше дека при купување оригинал марлборо цигари се бараше т.н. “петка”), производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на македонската влада.Шверцот на цигари бос и ЛМ кои потекнувале од Македонија-табак се одвивал на тој начин што се носеле до Албанија, каде што се истоварале во околните села до границата и уште истата вечер по споредни патишта со магариња и коњи преку преминот “Блато” преку селото Спас се враќале назад. Во јули 1997 г., така требало да бидат префрлени дури пет шлепери!Петрит се занимавал и со шверц на цигари марлборо кои ги носел за Косово и Србија, а партнери му биле Вања Бокан и Мики Пешиќ, и двајцата од Белград. Вања Бокан отворал акредитив кон Филип Морис во вредност од 2.700.000 долари преку Беркли банка од Кипар. Цигарите ги купувале по цена од 270 долари за еден мастер бокс (50 штеки), а тие на една тура товарале по 960 до илјада мастер бокса, а декларирале по 300 до 400 мастер бокса. На еден камион заработувале по 70 до 80 илјади долари, кои потоа ги делеле на три дела.Аме како главен за илегалната трговија со цигари во Македонија го посочува починатиот Данчо Шутурков, вечниот “втор човек” на Македонија табак, за кого на полицајците им кажува дека ја ужива заштитата на премиерот Бранко Црвенковски и на кадрите од СДСМ како логистика и дека како противуслуга за тоа ја финансирал партијата. За секоја пратка цигари која ќе минела преку македонската територија, на Шутурков, според исказот на Петрит Аме, морало да му се плати такса од 25.000 германски марки, кој издавал сертификат дека цигарите се производство на Македонија табак, а на границата со тогашна СР Југославија се покажувала друга фактура во која стоело дека камионите се товарени со друга стока. Петрит кажува дека за период од една година тие успеале да пренесат 300 шлепери натоварени со цигари наменети за СР Југославија. И Нуиши во мрежата на МВР од времето на Фрчкоски

Во неделата, во импровизирана чајџилница во скопското село Крушопек, е уапсен 44-годишниот Арслан Нуиши од село Грчец, со прекар Бос, кој сега употребувал друго име, баран со домашни и меѓународни потерници. Кај него беа пронајдени “фантомки”, две радиостаници, двоглед, ракавици, автоматски пушки и куршуми, што укажува дека во прашање е опасен бегалец пред правдата.Станува збор за истата личност која се споменуваше во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во истрагата на т.н. Братиславска врска, сега со сменото презиме Арслан Пода.Босанецот Осман Ватреш во 2002 г. во интервју за скопскиот неделник Национал, го споменува Арслан Нуиши, во контекстот на група којашто е снимена на видеокасета, а која е инволвирана во подготовката и изведувањето на атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров во октомври 1995 г.Арслан Нуиши е споменуван и како лицето што пред атентатот му го подари наводно блиндираниот мерцедес на Киро Глигоров. Ватреш исто така споменува дека братот на Арслан Нуиши го сменил презимето во Лесковица во времето кога Нуиши бил уапсен. Лесковица, инаку, загина во мистериозна сообраќајна несреќа, а полициски извори велат дека тој во хаварисаниот автомобил се наоѓал токму со Петрит Аме, која останал без гребнатинка.И без разлика на тоа што по приведувањето на Нуиши веднаш по атентатот врз Глигоров, тој во недостиг од докази беше ослободен , барем такво беше официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи кога со него раководеше Љубомир Данаилов Фрчкоски, многу индикативно е запишаното сведоштво  на Ватреш, кому во Словачка Нуиши му се доверил околу контакти што ги имал со македонски полициски и политички личности пред атентатот врз Глигоров. Арслан Нуиши, според македонската полиција, инаку во криминалистичките архиви е забележан како предводник на т.н. Група од Грчец која со години директно е инволвирана во криминали, но давала логистика во многу криминални акции од големи размери. Ватреш натаму тврди дека Нуиши му се доверил дека лица од Македонија, за кои тој вели дека се Фрчкоски и Добри Величковски, барале од него да “набави” мерцедес како негов подарок за претседателот Глигоров. Подоцна се покажа дека оние што требаше да се грижат за безбедноста на Глигоров, го излажале дека возилото е блиндирано. Но, една од веројатните тези е дека токму во мерцедесот некој ставил сензор кој синхронизирано реагирал на сензорот во автомобилот-бомба ами 8 на 3 октомври 1995 г. пред хотелот Бристол.Без разлика на важноста и на улогата на Нуиши при атентатот, несомнено е дека тој како припадник на меѓународното подземје контактирал со високи полициски и политички македонски функционери. Вака, според библиското дека ништо тајно не останало тајно, повремените сведоштва ќе ги разоткриваат дел по дел валканиците на главните протагонисти на криминалната македонска транзиција. А, тоа е една од основните причини на Македонија да и’ бидат 18 години врзани оловни тегови за нозете на патот на евроинтеграциите. Многу повеќе отколку што тоа се политичките причини, затоа што никој во своето друштво не сака држава која учествува или е логистика на организираниот криминал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен

Објавено пред

„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.

Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.

Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.

Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.

После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.

Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.

Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.

СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.

Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.

Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата

Објавено пред

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ова е срамно и безобразно. Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот. Бараат минимална плата од 600 евра за да можат да ги прехранат своите семејства и да платат сметки. Законот на СДСМ за 600 евра минимална плата е на дневен ред во Собранието. Еве шанса власта да биде конструктивна, заради работниците. Дадовме предлог со конкретно решение, поддржете го. Пари има. Со ребаланс на буџетот, наместо авион, наместо мебел, нови коли, луксузни кабинети, патувања, репрезентации, тендери може да се пренаменат за 600 евра минимална плата. Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.

dobivaj vesti na viber

Ѓорѓиевски вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви.

„Иако третата фаза, подземната сообраќајница е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази. Првата фаза започна пред неколку недели и веќе се реализира со конкретни активности на терен. Во рамки на оваа етапа се врши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел значително подобрување на проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до приклучокот на булеварот „Борис Трајковски“, од каде продолжува кон следната фаза. Предвидено е и проширување на улицата „Пролет“, на потегот од ПС Пролет до Тутунскиот комбинат, со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег, од безбедносни причини, ќе биде уредена со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На потегот од улицата „Пролет“ кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот „Борис Трајковски“, се воведува еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“ ќе бидат поставени нови, современи семафори“, објави градоначалникот на Скопје.

Во наредните фази, додава тој, е предвидена изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“ (Железничка), како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.

„Паралелно со коловозната инфраструктура, се изведува и атмосферска канализација со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – значаен чекор кон поотпорна, одржлива и функционална урбана инфраструктура. Подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот, побрзо и поефикасно движење низ централното градско подрачје и создавање на побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 час

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет2 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет3 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет3 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет3 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија20 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија22 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија23 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија23 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија24 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...