Контакт

Економија

Потонаа акциите на Арцелормитал

Објавено пред

Тргувањето на македонската берза за хартии од вредност денеска го одбележа големиот пад на просечната цена на двата погона од Железара: Арцелормитал ЦРМ кој падна за 8,59 проценти и Арцелормитал ХРМ кој се спушти за 9,94 проценти.

dobivaj vesti na viber

Тргувањето на македонската берза за хартии од вредност денеска го одбележа големиот пад на просечната цена на двата погона од Железара: Арцелормитал ЦРМ кој падна за 8,59 проценти и Арцелормитал ХРМ кој се спушти за 9,94 проценти.Берзата оствари промет од 14,805,408,00 денари од кој 13,028,238,00 денари се од Официјалниот пазар, додека останатите 1,1777,170,00 денари се остварија на Редовниот. За разлика од понеделникот индексот МБИ10 оствари пораст од 0,42 проценти што значеше пораст за 10,30 индексни поени или застана на бројката од 2,466,17 поени, додека индексот на Јавно поседуваните друштва забележа пад на својата вредност од  1,81 процент или тоа беше за 48,51 поени пониско во однос од понеделникот за да застане на бројката од 2,632,12 поени. Индексот на обврзниците исто така беше во црвено со благ пад на својата вредност од 0,18 проценти или 108,60 индексни поени.Како најтргувана акција по својот промет на Официјалниот промет по подолго време се појави акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со остварени 4,668,390,00 денари на промет, кој се тргуваа по просечна цена од 2,954,68 денари од акција, и се тргуваа во рамките на следниве лимити почнувајќи од 2,950,00 денари како минимална цена па се до 2,998,00 денари како највисока истргувана цена. Со овие акции се истргуваа 1,580 обични акции од 18 реализирани трансакции.Втора по промет на тргување беше обврзницата од денационализација од девета емисија која се тргуваше по просечна цена од 77,57 проценти од номиналната вредност, додека со нив се истргуваа 60,492 количина и при тоа остварија вредност од тргување во висина од 2,885,484,37 денари од 20 трансакции.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје. Таа се тргуваше по просечна цена од 4,172,43 денари, а со неа се истргуваа 643 акции од 31 реализирани трансакции или вкупно 2,682,875,00 денари.На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна хартија од вредност беше акцијата на Прилепска пивара со остварен промет од 803,400,00 денари од 2 трансакции, кои се тргуваа по цена од 10,300,00 денари од акција од кој оваа цена беше за 1,98 проценти поголема во однос од последното тргување со овие акции. Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата  ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово која оствари промет од 242,250,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 821,19 денари по акција. Со нив се истргуваа 1,679 обични акции.За одбележување во текот на овој трговски ден беа и неколку одлуки од собрание.Тиквеш АД Кавадарци објави 67,5 милиони денари нето добивка, како и одлуката за нераспределба на остварената добивка. Исто така и Охридска банка АД Скопје достави ценовно чувствителна информација до инвеститорите на која и се одобрува нова кредитна линија од страна на Европската банка за обнова и развој која треба да биде наменета за потикнување на развојот на малите и средните претпријатија на Македонија. Гранит АД Скопје соопшти дека склучил договор со министерството за Правда на Р. Македонија за изградба на нова судска зграда-кривичен суд Скопје во вредност од 465 милиони денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2 Р.Македонија – Денационализација 093. Алкалоид АД Скопје4. Прилепска пивара АД Прилеп5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1  Макстил АД Скопје 3,28%2. Прилепска Пивара АД Прилеп 1,98%3. Топлификација АД Скопје 1,12%4. Комерцијална банка АД Скопје 0,61%5, Макпетрол АД Скопје 0,42%Хартии од вредност со најголем пад1.  Арцелормитал ХРМ АД Скопје 9,94%2. Арцелормитал ЦРМ АД Скопје 8,59%3. Бетон АД Скопје 4,59%4. Кјуби АД Скопје 3,44% 5. РЖ Услуги АД Скопје 1,00%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Објавено пред

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.

dobivaj vesti na viber

„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.

„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Објавено пред

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.

dobivaj vesti na viber

Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.

Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:

Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова

Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.

„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија2 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија5 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава6 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет9 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет9 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија19 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија1 ден

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија1 ден

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ1 ден

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ1 ден

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет1 ден

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија1 ден

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 ден

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт1 ден

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 дена

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 дена

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...