Економија
Започна Он-лајн тргување на македонската берза
Бесплатен портал за тргување со хартии од вредност кој ќе врши електронско доставување на налозите до брокерските куќи, во вторникот промовираше ЕуроБрокер
Платформата насловена како „Мета Трејдер 4“ е резултат на потребите на секој модерен инвеститор, при што заштедува време, пари и енергија, рече Александар Петрески од ЕуроБрокер.На неа може да се најдат цени, графикони, новости и анализи за берзата и сето тоа во реално време. Предностите што ги нуди програмата се и можноста за тестирање на стратегии и експерти за минатите периоди, отворање на пробна демо сметка, и архива на сите извршени операции и трансакции.Мета Трејдер е веќе докажана програма за електронска трговија која се користи во повеќе европски земји, а во Македонија е донесена од бугарската Бул Брокерс, како дел од Финанција Груп во која членува и Еуро Брокер.Она што најмногу може да им користи на македонските трговци со хартии од вредност е тоа што програмата е преведена на македонски јазик и овозможува брзо и реално процесирање на купопродажбата на акции.Идејата за он-лајн тргување на македонската берза ја поддржа и нејзиниот директор Иван Штериев кој рече дека ова е долгоочекувана услуга што учесниците на македонскиот пазар на капитал ќе ја нудат на своите клиенти.Ова е еден од начините што овозможува најбрзо и најевтино процесирање на налозите за тргување и купување на хартии од вредност. Индустријата на хартии од вредност масовно ја користи компјутерската технологија и затоа ваквиот е добредојден, рече директорот Штериев и ги охрабри и другите фирми во земјава да лансираат слични производи. Претставникот на Бул Брокер рече дека во последните три години 90 отсто од трансакциите на бугарската берза се одвиваат електронски.Идејата за електронско доставување на налози ја поддржа и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Марина Наќева-Кавракова која рече дека очекува на овој начин да се зголеми прометот на македонската берза и да се намали просторот за шпекулативни и манипулативни тргувања.Засега Мета Трејдерот ќе може бесплатно да ја користат клиентите на Еуро Брокер но не е исклучено програмата наскоро да се комерцијализира во зависност на каков одглас ќе наиде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

