Македонија
Завршува акцијата за подводно деминирање во Охридското езеро
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ја завршува акцијата за подводно деминирање на Охридското Езеро.
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ја завршува акцијата за подводно деминирање на Охридското Езеро.
Се очекува екипите на Дирекцијата кои ја спроведуваа акцијата да го соопштат точниот број на неексплодирани направи кои нуркачите ги извадија од дното на езерото.
Надлежните првично очекуваа да бидат извадени околу 600 експлозивни средства, но тој број неколкукратно се зголеми во текот на акцијата.
Меѓу оружјето има гранати, бомби и муниција кои потекнуваат од времето на Балканските и двете Светски војни, а неодамна во близина на кејот беа пронајдени и два минофрлачи од далечната 1916 година.
Неексплодираните средства што беа извадени од Охридското Езеро ќе бидат уништени на полигонот во Криволак./крај/охњуз/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.