Контакт

Вести

Писмо со сомнителна содржина најдено во воена база во САД

Објавено пред

Разузнавачката агенција на американската армија објави во вторникот дека тестирањата извршени врз писмо упатено во воена база откриле „можни биолошки отрови”.

dobivaj vesti na viber

Писмото го откриле службите на DIA (Defence Intelligence Agency) во вторникот наутро по локално време во базата Анакостиа-Болинг во сојузната американска држава Вашингтон, соопштил портпаролот на военото разузнавање. Претставници на наведената воена база за Reuters потврдиле дека имало „инцидент со опасен материјал”. Од DIA, пак, одбиле да дадат подетални информации додека не биде завршена истрагата.

Американскиот републикански сенатор Роџер Викер од сојузната држава Мисисипи минатиот вторник прими писмо со отровен рицин. Такво писмо со отровот рицин беше откриено и во поштата адресирана на Белата куќа за претседателот Барак Обама. Претставник на службата за безбедност на американскиот Сенат изјави дека независна лабораторија потврдила дека писмата содржеле рицин.

Рицинот е отров од растително потекло, евтин е и лесно се произведува. Доколку биде вдишен може да предизвика проблеми на дишните патишта, а доколку биде проголтан смртоносен е дури и во мали количества.

Минатиот четврток американското министерство за правда објави дека е покренато формално обвинение против 45-годишниот Пол Кевин Кертис, уапсен претходниот ден за испраќање на писмото со отровот рицин за претседателот Обама. Меѓутоа, во вторникот, Reuters доби потврда од службата на федералните американски маршали дека Кертис бил ослободен со кауција.

Тој е обвинет за загрозување на претседателот и други високи политички функционери, за што му се заканува казна до 15 години затвор. Самиот Кертис ја негира дека има вина.

Адвокатот на обвинетиот изјави дека Кертис е со своето семејство. Според сознанијата на Reuters, за време на пребарувањето на домот и возилото на обвинетиот, не биле откриени ниту отров, ниту состојки за негово подготвување. Сепак, истражителите сметаат дека Кертис можеби во меѓувреме успеал да ги прикрие доказите и да се ослободи од сите елементи што може да го товарат.

Како што е најавено, по случајот Кертис се очекува подоцна прес-конференција на претставници на американските власти и безбедносните служби./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Петрушевски: Разузнавачкиот систем бил ставен во функција против Мицкоски

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со цел задржување на СДС на власт,...

Македонија1 час

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Македонија2 часа

(Видео) Петровска: Законот е јасен, АНБ ги декласифицира документите

Секој од нас кога е избран на која било јавна функција презема одговорност да го застапува интересот на државата и...

Свет3 часа

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Топ3 часа

Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор за еден осомничен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство...

Македонија4 часа

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија4 часа

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...

Свет6 часа

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет7 часа

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа7 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа7 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок бидејќи 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија8 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет19 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет21 час

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија21 час

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ22 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија24 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет1 ден

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...