Македонија
Брз подем на свинскиот грип во Македонија

Грипот A(H1N1) експресно се шири во државава, при што само во четврток вечер е пријавена група од 30 сомнителни случаи, туристи од Турција, од кои шестмина веројатно се заразени од новиот грип
Ова денеска го изјави министерот за здравство Бујар Османи, потенцирајќи дека „здравствениот систем е подготвен да се справи со ширењето на пандемијата“.„Основен начин да се спречи ширењето на болеста се личните мерки – лична хигиена и социјална дистанца“, изјави Османи, појаснувајќи дека ризична група се тинејџерите, адолесцентите и бремените жени.Загрижува фактот што во земјава има неколку заразени лица, кои не биле во странство, ниту во контакт со заразени кои претходно престојувале во странство.Во однос на вакцината против новиот грип, според најавите првите количини веќе би требало да пристигнат кон средината на ноември.Во Македонија до сега поради новиот грип хоспитализирани биле 158 лица, а болеста е потврдена кај 51 лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улиците на потегот од Владата до градскиот Стадион

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до градскиот Стадион.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија, општина Чучер Сандево;
· од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата Студеничанска, општина Кисела Вода;
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска, општина Кисела Вода.
Македонија
Променливо облачно со умерен ветер, максималната температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Вренето во наредните денови
Од петок следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен.