Македонија
Во сабота „жолта“ фаза поради високите температури
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за сабота, 9-ти јуни се предвидуваат високи температури со ниво на алерт 1 (жолта фаза), кој ќе ja зафати територијата на целата Македонија, со максимални температури во одделни региони до 38 Целзиусови степени.
Во согласност со Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Република Македонија, а со цел будност и приправност како и спремност за доволен број капацитети и медикаментозна терапија, минситерството за здравство достави укажување до јавните здравствени установи во земјата за нивна подготовка за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број пациенти поради влијанието на високите температури.
Од Министерството за здравство информираат и дека остануваат да важат основните препораки за заштита на населението, како што се избегнување на директна сончева изложеност, избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
На работодавците им се препорачува преземање превентивни мерки за вработените лица, кај одредени ризични производни и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници и почитување на законските прописи од оваа област./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи.
Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: Плоштад Автокоманда од 17 и 10 до 18 часот, Зоолошка градина Скопје од 18 и 10 до 19 часот и Скопје Сити мол, пред источен влез, од 19 и 10 до 20 часот.
Оваа благородна хуманитарна акција е идеја на Андреј, кој реши да контактира приватни компании, да собере средства и да направи пакетчиња со кои ќе ги израдува дечињата.


„Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз полна со пакетчиња е тука за секо детенце да го потсети дека секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите“, вели Андреј.
Инаку, низ градот Дедо Мраз може да го забележите со новогодишно украсено комбе, внатре полно со пактчиња.

„Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, оваа година десетина приватни компании донираа средства за пектчињата“, вели Андреј.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
Македонија
Охриѓани ги разбуди земјотрес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.

