Македонија
Милошоски на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Чешка
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, по неколкудневната посета на Балтичките земји и учеството на министерскиот состанок на ЕУ во Чешка, попладнево се враќа во Македонија
„Не радува фактот што е препознаен демократскиот капацитет на македонското општество, благодарение на граѓаните и политичките актери и мислам дека имаме една добра прилика во текот на оваа година да ги постигнеме нашите цели во однос на добивањето препорака за датум за отпочнување преговорите и во однос на одлуката за визна либерализација“, изјавил министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој денеска учествува на неформален состанок на шефовите на дипломатии на ЕУ во Чешка.Како што јави известувачот на МИА, тој информира дека атмосферата на состаноците со министрите од Европската унија е позитивна и дека дискусиите се движат во добра насока.„Повеќе земји членки на ЕУ, не само Европската комисија, потврдија дека Македонија го има направено најголемиот напредок во однос на исолнувањето на критериумите за визна либерализација и ние ги користиме ваквие прилики за уште еднаш да ги претставиме нашите достигнувања и да лобираме за остварување на нашите заеднички национални цели“, потенцирал Милошоски, велатѕ од Минсиетрството за надворешни работи.Според Милошоски, во последните неколку месеци во ЕУ се отвора конструктивна дискусија за раздвојување на билатералните прашања од процесот на евроинтегрирање за да може Копенхашките критериуми, исто како досега, да бидат единствениот критериум кој важел за сите земји кои се зачлениле во ЕУ и за идните аспиранти кои треба да го следат нивниот пример.„Таа дискусија за нас е конструктивна и сметаме дека ЕУ од внатре има капацитет да изгради една атмосфера, една околност во која ќе преовладеат принципите на ЕУ, а тоа е напредување и зачленување во Унијата соодветно на исполнетите стандарди, а не тоа да зависи од некои помали или поголеми, порационални или понерационални билатерални отворени дилеми“, додал Милошоски.Македонскито мисистер за андворешни работи потенцирал дека Европската унија не би била она што е денес доколку во минатото и за време на нејзините важни проширувања и создавање, земјите членки го користеле ветото во секоја можна прилика и доколку тоа би го правеле од себични, национални и теснополитички побуди.Сметаме дека пораките кои доаѓаат од поголемие земји членки се во согласност со принципите на ЕУ дека секоја земја членка на Унијата има право, но и носи одговорност за самите процеси на евроинтеграција и пред се за зачувувањето на кредибилитетот на принципите на ЕУ како семејство на демократски нации. Во таа смисла цениме дека Грција би можела да даде еден добар пример како одговорна држава да придонесе за зголемување на кредибилитетот на ЕУ наместо да дејствува на еден начин и со една политика која отвора дилеми за вистинските цели на земјите членки на ЕУ, смата Милошоски.На новинарско прашање од странски медиуми дали смета дека внатрешните проблеми во ЕУ и финансиската криза можат да го забават проширувањето на Унијата, Милошоски одговорил дека евентуален таков развој на ситуацијата би бил грешка, затоа што на кризата треба да се гледа како на уште една мотивација за забрзување на процесот на проширување на Унијата, односно затоа што проширувањето на ЕУ во минатото никогаш не донесло помалку стабилност, помалку економски развој и помалку безбедност за Европската унија во целост.„Затоа мислам дека процесот на проширување со Македонија, Хрватска и другите земји во регионот ќе донесе повеќе стабилност, повеке безбедност и економски развој. И би сакале да видиме ЕУ одговорно да се заложи за нашите заеднички ангажмани да успееме во тоа, истакнал Милошоски.На маргините на состанокот во дворецот Хлубока, шефот на македонската дипломатија се сретнал со повеќе министри, меѓу кои и со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд со кого разговал за билатералните односи, за најновиот развој на настаните, за амбициите на Македонија да направи чекор напред во европските интеграции и да добие датум за почеток на преговори за членство, но и за теми што ги поврзуваат двете земји како што се заедничкото учество во Мисијата во Авганистан и придонесот што Македонија го дава за регионалната и за глобалната стабилност во рамките на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во 2025 извршени 1.700 надзори за животната средина, издадени 20 решенија и три забрани за работа
Во текот на 2025 година, заклучно со 20 декември, во државата биле спроведени вкупно 1.700 инспекциски надзори во областа на животната средина, при што биле утврдени 398 неправилности и издадени исто толку решенија во инспекциска постапка, соопштија надлежните на денешната прес-конференција.
Како што беше истакнато, покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки. Надзорите опфатиле редовни, вонредни и контролни инспекции, а биле спроведувани согласно Годишниот план за работа и Акцискиот план за краткорочни мерки за чист воздух за периодот ноември 2025 – март 2026.
Во рамки на Акцискиот план, од 1 ноември до денес биле реализирани над 55 инспекциски надзори кај инсталации со А-интегрирани еколошки дозволи, при што биле издадени 20 решенија и три забрани за работа. Надзорите биле спроведени на целата територија на државата, во инсталации со влијание врз животната средина преку емисии во воздухот.
Надлежните информираа дека во 2025 година кај Цементарница „Усје“ биле извршени вкупно шест инспекциски надзори – два редовни и четири вонредни, од различни државни инспектори, вклучително и вечерни, ненајавени контроли. Кај сите надзори не биле утврдени неправилности во работењето на правниот субјект.
Дополнително, биле реализирани и ненајавени вонредни мерења на емисии во воздухот, во соработка со лабораторијата при Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за животна средина. Цементарницата, како што беше наведено, доставува месечни извештаи за емисии во воздухот од сите емисиони точки, како и полугодишни извештаи од мерења спроведени од акредитирана лабораторија.
Во делот на дозволите беше појаснето дека Цементарница „Усје“ поседува А-интегрирана еколошка дозвола издадена во март 2020 година, со важност од седум години. Најдоцна до март 2026 година, операторот е должен да поднесе барање за нејзино обновување, при што постапката ќе вклучи и учество на јавноста и примена на најдобри достапни техники.
Надлежните информираа дека од крајот на 2018 година Цементарница „Усје“ користи алтернативни горива со стапка на замена до 15 отсто, како дел од концептот на циркуларна економија. Во 2024 година, според годишниот извештај, не биле увезувани алтернативни горива поради законската забрана за увоз на отпад за енергетски цели, а користени биле биомаса од земјоделски отпад, селектиран отпад од текстилната индустрија, отпад од пакување и отпадна пластика што не може да се рециклира.
На прес-конференцијата беше нагласено дека инспекциската служба има превентивна и надзорна улога, а мерењата на емисии ги вршат исклучиво акредитирани лаборатории. Податоците од континуираниот мониторинг, кој се спроведува 24 часа дневно, седум дена во неделата, се обработуваат софтверски и се доставуваат до надлежните институции.
Македонија
Дурмиши: Новите закони носат удар врз сивата и силна поддршка на формалната економија
Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој посочи дека според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани, што, како што нагласи, претставува сериозен предизвик кој бара системски, а не ад-хок решенија.
Министерот Дурмиши потсети дека Министерството и досега преземало мерки преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажале дека дел од лицата и понатаму остануваат надвор од формалните текови.
„Токму затоа беше донесен Законот за работно ангажирање на лица, кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2026 година и претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници“, рече тој.
Според него, со законот се воведува пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање на работна сила, со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Дурмиши нагласи дека законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права.
Во првата фаза, како што информираше министерот, се опфатени дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинството.
„Со примената на законот се очекува формализација на околу 17.400 лица, од кои до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите“, рече Дурмиши.
Тој истакна дека реформата носи придобивки и за работниците и за работодавачите, преку поедноставени административни постапки, исплата по час, уплата на придонеси и јасна правна заштита на работничките права.
Паралелно со ова, министерот потсети дека од 1 јануари 2026 година започнува да се применува и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој обезбедува финансиска поддршка за компании што инвестираат, отвораат нови работни места и остваруваат раст на приходите.
„Комбинацијата од овие два закони значи истовремено сузбивање на сивата економија и активна поддршка на формалната економија, со што државата создава стабилна, предвидлива и фер деловна клима“, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Македонија
Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во швајцарски бар, наведувајќи дека веста за трагедијата повторно ја разбудила болката што никогаш не заминала.
„Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на ‘пред’ и ‘по’. Ние, семејствата на починатите во пожарот во ‘Пулс’ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот“, наведуваат тие.
Во пораката истакнуваат дека ја познаваат болката кога ќе остане столче, тишината што зборува погласно од зборовите и тежината на секој здив.
„Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка. Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана“, порачуваат тие.
Пораката е објавена на Фејсбук, со апел дека во вакви моменти најважни се човечноста, солидарноста и подадената рака, како потсетник дека никој не треба да биде сам во болката.

