Македонија
Регионална Конференција – „Вистински импакт за подобро владеење“
Регионална Конференција – „Вистински импакт за подобро владеење“ ќе се одржи во четврток во Скопје, во организација на Мајкрософт во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.
Експерти за решенија за јавниот сектор од Мајкрософт, претставници на Владите на Македонија, Косово, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина, ИТ компании од Македонија и регионот, ќе презентираат најдобри практики и решенија кои креираат Вистински импакт за подобро владеење на владините институции и единиците на локалната управа.
Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да видат решенија со кои владите обезбедуваат поголема транспарентност во работењето, ја поттикнуваат иновативноста, креираат ефикасна администрација, ги адресираат проблемите на сајбер безбедноста, стратешки и ефективно, користејќи ги најновите технологии на Мајкрософт.
Конференцијата претставува извонредна можност за споделување на искуствата со претставниците од земјите во регионот.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, генералниот менаџер на Мајкрософт за Централна и Источна Европа Труди Норис-Греј, генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија Стефан Плавјански, како и директорот на е-Governence секторот, при Министерството за јавна администрација на Косово Дриарт Елшани.
Презентции на иновативни решенија во своите институции ќе имаат и Маја Парнаџиева Змејкова – директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Дејан Рајчановски – советник на генералниот директор на Царинската управа на Македонија, Ивана Симиќ – ИТ менаџер на Советот на министри на БиХ, Ивајло Манџуков – ИТ менаџер во Министерството за финансии на Бугарија и други. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

