Црна хроника
Двајца повредени во групна тепачка во Гостивар
Две лица се полесно повредени во групна тепачка што се случила во четвртокот околу 13.30 часот во Гостивар на булевар „Браќа Ѓиноски’.
Во тепачката учествувале седумдесетгодишниот Е.А. од селото Топлица од една страна и двајца жители од селото Добридол од друга страна, четириесет идеветгодишниот Х.Р. и дваесет ичетиригодишниот Х.Б.Тројцата најпрвин почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат, при што Е.А. се здобил со расекотнини во пределот на главата, а Х.Р. се здобил со скршеница на десниот лакот. Двајцата биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.