Контакт

Македонија

Сообраќајци барале од возач 40 евра да не му пишат казна

Објавено пред

Двајца полицајци од сообраќајната полиција од ПС “Гази Баба“ заработија кривични пријави откако од граѓанин побарале 40 евра за да не му пишат казна

dobivaj vesti na viber

Двајца полицајци од сообраќајната полиција од ПС “Гази Баба“ заработија кривични пријави откако од граѓанин побарале 40 евра за да не му пишат казна.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пријавените Т.Б. (33) и И.Д. (28) на 15 април во близина на бензинската пумпа на “Лукоил“го запреле Т.Д од село Долно Палчиште и му соопштиле дека возел со поголема брзина од дозволената, иако брзината не била мерена со радар.

Поради прекршокот му побарале да плати казна од 300 евра, а откако реагирал на висината на казната, сообраќаецот Т.Б. од оштетениот побарал пари за да не напише казна по што откако добил прво 20 евра побарал уште 20 евра.

Против полицајците е покрената постапка за утврдување одговорност. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Фетаи: Владеењето на правото е основа на нашата иднина

Објавено пред

Денес, на состанокот на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи ја потенцираше важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество.

dobivaj vesti na viber

„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ изјави Фетаи.

Изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Тој нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е јасен повик за итна акција.

Фетаи побара тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.

„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ заклучи Фетаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костова: Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достoинството на работниците, нудат апстрактна гордост на празен стомак

Објавено пред

Минималната синдикална кошничка изнесува 62.861 денари. Со тотално промашената мерка што се вика новогодишна кошничка, Владата им направи услуга само на трговците. Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достоинството на секој работник. Затоа што приказните за апстрактна гордост најлесно легнуваат на празен стомак и уморна снага, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во објава на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

Костова укажува на алармантната состојба со растот на трошоците за живот потенцирајќи дека цените на основните прехранбени продукти значително се зголемија.

„За само месец дена, цената на зејтинот рипна на 97 денари, или за 14 денари повеќе од претходно. За исто толку е покачена и цената на јајцата, кои сега чинат над 100 денари. Покачени се цените на јогуртот, кашкавалот, па дури и лебот,“ рече Костова.

Потпретседателката на СДСМ наведува дека ситуацијата е особено тешка за семејствата со минимални приходи. „На четиричлено семејство во кое двајца возрасни земаат минимална плата, им недостасуваат над 17.700 денари, односно над 290 евра, за да можат да си ги покријат најосновните трошоци,“ објасни таа.

Костова остро ги критикува функционерите од владејачката партија за нивниот однос кон проблемите на граѓаните. „Додека народот се мачи да преживее, функционерите од владејачката партија не убедуваат дека покачувањето на минималната плата било лоша работа. Тоа го прават додека си гласаат за порамнување на нивните плати, за да не им ги изеде инфлацијата; или додека министерката за финансии вели дека ако не ѝ се покачела платата, немало повеќе да работи во Министерството,“ истакнува таа.

„Кој од нив некогаш работел во недела, во студен конфекциски погон, или на поле, преку време, ама неплатено? Кој од нив се оптоварувал со седење до доцна во ноќта за да ги пушти машината за садови и пералната додека е евтина струја?“ праша Костова, потенцирајќи го големиот јаз меѓу функционерите и обичните граѓани.

Костова истакна дека трошоците за минимум пристоен живот вртоглаво растат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на граѓаните. „ДДВ на храна ниту се укинува, ниту се намалува. Наместо тоа, се заговара зголемување на старосната граница за пензионирање и укинување на недела како неработен ден,“ предупреди таа.

„Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достоинството на секој работник. Впрочем, како што ДПМНЕ отсекогаш правеле. Затоа што приказните за апстрактна гордост најлесно легнуваат на празен стомак и уморна снага,“ заклучи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен, сообраќајот во прекин

Објавено пред

АМСМ со информација за прекин на сообраќајот поради сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Како што е соопштено од 16:15 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода.

Претходно поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија3 часа

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија4 часа

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...

Македонија4 часа

(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостиг на идеја“

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декември да дојдат на плоштадот во општината најавувајќи богата музичка програма....

Топ5 часа

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“...

Економија7 часа

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV...

Македонија8 часа

ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите...

Македонија8 часа

СДС тоне според рејтингот, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е...

Македонија8 часа

„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија....

Македонија9 часа

Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец,...

Европа9 часа

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство...

Регион10 часа

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад...

Регион11 часа

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад...

Свет11 часа

Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско. „Авион Цесна...

Свет11 часа

(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а...

Македонија11 часа

Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега

Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука...

Македонија1 ден

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет1 ден

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...