Македонија
Поставена биста на Ванчо Михајлов во Велес

По бистата на Тодор Александров, од денеска е поставена и спомен бистата на контроверзниот Иван Ванчо Михајлов во дворот на приватната куќа на велешанецот Драги Каров.
По бистата на Тодор Александров, од денеска е поставена и спомен бистата на контроверзниот Иван Ванчо Михајлов во дворот на приватната куќа на велешанецот Драги Каров. Само шеесетина почитувачи на ликот и делото на Михајлов, од кои поголемиот број претставници на здруженија на Бугарите во Македонија присуствуваа на поставувањето на споменикот. Пред чинот на откривањето на бистата членот на иницијативниот одбор Виктор Канзуров истакна дека сите оние кои се чувствуваат Бугари во Македонија се оспорувани и неоправдани. Тие не барале промена на границите туку сакале само да им се признае идентитетот и заедно да живеат со сите оние што се чувствуваат како Македонци и останатите националности што живеат на територијата на Македонија. Тој отворено го обвини и бугарскиот министер Божидар Димитров и го нарече „фурнаџиска лопата“ бидејќи наместо ним да им помага со бугарски пари ги финансирал тајните служби во Македонија. „Бараме оставка од министерот Димитров, кој не само што не сака да не прими туку си игра мајтап со ликот и делото на Ванчо Михајлов. Тој во лични средби ни вели дека ние тука во Македонија не сме репресирани и дека убаво си живееме. Тој не сака ни да ни помогне во остварувањето на нашите права. Ова наше барање ќе го кажеме јавно кога ќе протестираме пред Владата на Бугарија во Софија“, рече Канзуров. Малубројните велешани револтирано го следеа и коментираа настанот од другата страна на улицата, повеќе од радозналост отколку што сакаа да слушнат нешто. Пред две години на истото место беше поставена спомен биста на Тодор Александров, тогаш за нејзиното отстранување реагираа инспекциските служби. Каров најави дека овојпат самиот бистата на Михајлов ќе ја отстрани од дворот а ќе ја постави на една од терасите на сопствената куќа. /крај/лисица/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.
Македонија
(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад во Трубарево. Иако само еден час претходно имале интервенција во населбата Лисиче, огнената стихија била брзо ставена под контрола, а соседните објекти биле изолирани од опасност од опожарување, информира командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски.
„Побаравме помош од Главниот штаб, а значајна поддршка добивме и од Окта со хемиска пена и од Макпетрол. Нашите резерви беа потрошени во првичниот удар. Активирани беа сите капацитети и на Комунална хигиена. Беше испратена дополнителна механизација и камиони со песок за да се спречи црниот чад кој се гледаше оддалеку,“ изјави Томевски.
Тој додаде дека пожарот е под контрола и се вршат дополнителни проверки за евентуални остатоци од горењето.
Интервенцијата ја оцени како успешна.
„Вакви пожари се тешки за гаснење, но успеавме да го ставиме под контрола, што беше изненадување и за мене“, рече Томевски.
Додаде и дека мирисот е намален и се надева оти до крајот на денот ќе престане исчадувањето.