Свет
Најмалку 22 загинати во смртоносни напади Ирак

Најмалку 22 лица се убиени во бомбашки напади во Диванија, во централниот дел на Ирак, изјавија официјални лица за BBC.
Најмалку 22 лица се убиени во бомбашки напади во Диванија, во централниот дел на Ирак, изјавија официјални лица за BBC.Инцидентот се случил пред домот на гувернерот на истоимената провинција и според првичните процени се претпоставува дека во него се инволвирани двајца самоубијци кои дејствувале одделно со два автомобили-бомби. Во нападот се повредени повеќе десетици луѓе, соопштиле локалните власти.Повеќето од жртвите се полицајци, но не се знае каква е судбината на гувернерот Салам Хусеин Алвани.Според AFP која се повикува на изјава на висок функционер на ирачкото министерство за одбрана, во речиси истовремената експлозија на двата автомобили-бомби загинале 25 луѓе а повеќе од 30 се ранети. Диванија се наоѓа во централниот дел на Ирак, 130 километри јужно од главниот град Багдад. Станува збор за главно шиитски регионот во кој делуваат неколку вооружени групи.Насилството во Ирак забележа нагло опаѓање по кулминацијата во 2006 година, но спорадично се забележуваат самоубиствени бомбашки напади и престрелки меѓу безбедносните сили и припадници на радикалните групи.Минатата седмица вооружени лица и бомбаши-самоубијци упаднаа на зградата на провинцискиот совет зграда во градот Бакуба, при што загинаа најмалку осум лица./крај/ббц/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.