Свет
Британија и Германија во 2013-та значително го намалуваат бројот војници во Авганистан
Британскиот министер за одбран Филип Хамонд во неделата изјави дека планира да повлече илјади британски војници од Авганистан идната година а според пишувањето на германските медиуми значително намалување на трупите планира и Берлин.
„Очекувам дека ќе биде значително, што значи илјадници а не стотици, но не очекуваме дека ќе бидат мнозинството, изјави британскиот министер за одбрана Фили Хамонд за BBC, одговарајќи на прашање за повлекувањето на војниците од Авганистан идната година. Велика Британија до крајот на 2012 година од Авганистан повлекува 500 свои војници, што значи дека во таа земја ќе останат 9.000 илjади. Сите британски војници во татковината треба да се повлечат до крајот на 2014 година, пишува Reuters. Германскиот неделник Der Spiegel во неделата најави дека и Германија значително ќе го намали бројот на свои војници во Авганистан, за што во јануари ќе одлучува Бундестагот. Германија е третата земја според бројноста на нејзините трупи во составот на мисијата Меѓународни сили за поддршка во безбедноста во Авганистан (ИСАФ) со 4.900 војници, што е најголем број германски војници од почетокот на инвазијата во 2001 година. Според Der Spiegel, целат е бројот на војниците да се намали „под четири илјади“. Авганистан до крајот на годинава треба да го напуштат и 00 германски војници. Германското министерство за одбрана ни сакало да го коментира пишувањето на германскиот неделник, велејќи дека бројот на војниците и траењето на нивниот мандат сѐ уште не е решено.Најголем број свои војници во Авганистан имаат САД, чии трупи бројат во моментов 90 илјади војници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

