Македонија
МВР бара Душко Илиевски да се извини оти неосновано се жалел
Тврдењата на млекарот Душко Илиевски дека бил физички малтретиран кога ја давал изјавата во полиција се неосновани, утврдило Министерството за внатрешни работи
„Во конкретниот случај полициските службеници при преземањето на службените мерки и дејствија постапиле согласно законот за кривична постапка, законот за полиција и правилникот за начинот на вршење на полициски работи“ соопштуваат од МВР.МВР го повикува Илиевски да се извини за изречените клевети или за тоа ќе одговарал пред суд.„Тој што ќе изнесе нешто невистинито што е штетно за угледот и честа ќе се казни со парична казна, се вели во член 172 од кривичниот закон на Македонија“ соопштуваат од МВР.Посебно внимание бараат да се обрне на непристрасноста при работата и изготвувањето на извештајот на заменик Народниот правобранител од Битола, бидејќи била во роднинска врска со еден од учесниците на протестите за ослободување на Душко Илиевски.Душко Илиевски заедно со неговиот брат и татко беа осомничени за производство на марихуана на нивната нива. Пред неколку дена Битолскиот суд го укина притворот за тројцата и ги пушти да се бранат од слобода.Тој во понеделник излезе со обвинувања дека бил физички малтретиран кога ја давал изјавата во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

