Свет
Почина поранешниот турски премиер Ербакан
NULL
Нечметин Ербакан, првиот исламистички премиер во историјата на Турција и поранешен ментор на сегашниот премиер, Таип Реџеп Ердоган, почина во 84-година од животот. Ербакан кој беше претседател на малата партија „Партија на среќата“ кон средината на јануари, поради инфекција, бил примен во болница, наведува телевизијата НТВ. Ербакан е историски лидер на исламистичкото движење во Турција, на должноста премиер стапи во 1996 година, една година подоцна под притисок на војската тој поднесе оставка. Во јануари 1998 година Уставниот суд ја забрани неговата партија „Партија на благосостојбата“, со образложение дека ја загрозува секуларноста. Уставниот суд тогаш му ги одзеде граѓанските права. Ербакан во 2002 година беше осуден на 28 месечна казна затвор – казната му е сменета во куќен притвор – поради фалсификување документи, во рамките на судењето за проневера на пари во Рефах. Ербакан беше ментор на сегашниот турски премиер, Реџеп Таип Ердоган, кој денеска се одрекува од своето исламистичко минато и вели дека за залага за „конзервативна демократија“. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

