Македонија
Прв електронски саем за кариера во регионот
Саемот е во организација на Националната програма за практикантска работа и вработување „Моја кариера“ од понеделник до петок. Компании кои ќе имаат едночасовна комуникација во живо се: Сивус, Роботека АТТЕ, ЕСА Тетово, Некст Сенс, Охридска Банка, Њу Медиа Кор., Ваконда, МекДоналдс, ЕВН и Адверт СМС
Националната програма за практикантска работа и вработување на Проектот за конкурентност на УСАИД, го организира првиот електронски саем за кариера во регионот на порталот www.mojakariera.com.mk . Педесет компании и образовни институции и над 1500 студенти од средните училишта и универзитети од цела Македонија ќе учествуваат на саемот. „Една од најголемите придобивки на практичната работа е да се има искуство за работниот ангажман за кој само можевме да слушнеме на факултет. Тоа што ми понудија работа по практиката е само потврда колку е важна практичната работа,“ вели Ива Лозановска, вработена во Некст Сенс.„Една од причините зошто Охроидска Банка нуди голем број на пракси е да направи тим од млади луѓе кои ќе бидат основа за нашите идни врабoтени,“ вели Славко Саздовски, ментор од Охридска Банка.Во рамките на електронскиот саем за кариера, вебстраната www.mojakariera.com.mk ќе ги понуди следните услуги: 10 термини за комуникација во живо со менаџери од реномирани компании во тек од 5 дена,вНајнови огласи со можност за пракса и вработување,виртуелни штандови и промоција на 40 компании,промоција на универзитети и средни стручни училишта, Можност студентите и средношколците да разговараат со други практиканти за нивното искуство, како и вработени како резултат на практика,можност за добивање на повратна информација на CV и мотивациско писмо, можност за учество на симулација за интервју за работа и добивање на повратна информација од искусни менаџери за човечки ресурси и можност да се аплицира за бесплатни обуки за пишување на биографија, подобрување на комуникациските вештини и деловна етика.. Повеќе од 40 компании и 11 образовни институции ќе имаат виртуелни штандови. Порталот www.mojakariera.com.mk функционира на три јазици (македонски, албански и англиски) и е отворен за сите корисници. Програмата отпочна во февруари 2009 и има за цел да оствари над 500 пракси во текот на една година, од кои најмалку половина ќе прераснат во постојани вработувања. Досега на порталот се регистрирани над 2700 студенти и над 170 компании, остварени се 400 успешни пракси од кои 52 прераснаа во постојани вработувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

