Македонија
Во Гостивар од куќа украдени пари и накит во вредност од над 60 илајди евра
Во петокот навечер, како што проценува полицијата, во периодот меѓу 19 и 23,30 часот, во Гостивар, на улицата „Павле Аврамоски“, непознат сторител провалил во приватна куќа при што украл 14.500 евра, златен накит и пиштол марка „ЦЗ“.
Во петокот навечер, како што проценува полицијата, во периодот меѓу 19 и 23,30 часот, во Гостивар, на улицата „Павле Аврамоски“, непознат сторител провалил во приватна куќа при што украл 14.500 евра, златен накит и пиштол марка „ЦЗ“.Како што проценува сопственикот чиј дом бил ограбен, сторена му е штета од околу 50 илјади евра. Ова провала којашто е карактеризирана како дело „тешка кражба’, била извршен откако ограбувачот со погоден предмет ја отворил влезната врата од куќата, а откако влегол пребарувал по собите. Притоа го нашол сефот кој го отворил со сила каде што биле чувани парите и накитот. Потоа, го пронашол и го одзел пиштолот што оштетениот го поседувал со дозвола и ја напуштил куќата.Гостиварската полиција соопшти дека отворила истрага и презема мерки за пронаоѓање на извршителот на кражбата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

