Свет
Судии ја крадат државата
Експертите предупредуваат за појава на криминални
триаголници составени од судија, обвинител и странка, за наплата на дебели
обештетувања од државата
350.000 ЕВРА ГОДИШНО ОТШТЕТА ЗА ПРИТВОР БЕЗ ДОВОЛНО ДОКАЗИ
Експертите предупредуваат за појава на криминални
триаголници составени од судија, обвинител и странка, за наплата на дебели
обештетувања од државата
Годишно, по основ на барања за надомест на штета од лица кои биле
неосновано или незаконито лишени од слобода, или неоправдано осудени, од
сметката на Министерството за правда се одлеваат по околу 350.000 евра. Како
најголеми виновници се посочуваат истражните судии, кои како од ракав
изрекуваат мерки притвор и кога треба и кога не треба, но и на се поголемиот
број случаи на повлечени обвиненија од страна на обвинителите во судските
процеси.
Исплатата на обештетувањата Министерството за финансии ги врши присилно, по
извршни решенија кои странките ги добиле по судски пат. Ако четворицата
обвинети, па ослободени лица од случајот "Раштански лозја"по судски
пат успеат да ги добијат бараните осум милиони евра како отштета што поминаа
цела година без потреба во притвор, може да падне централниот Буџет,
проценуваат експертите.
Опозицијата во Македонија секогаш обвинува дека мерката притвор се одредува од
политички мотиви и поради реваншизам, особено кога се апсат и притвараат
ексфункционерите непосредно по смената на власта. Упатените службеници од
Министерството за правда, пак, предупредуваат дека во последно време грешки во
процедурата на лишување од слобода се прават од незнаење, но и намерно, од
економски, т.е. криминални причини.
"Не е ли симптоматично што одамна ниту еден истражен судија не одредил
мерка притвор под 30 дена? Некому не му е тешко да одлежи еден месец во затвор,
па потоа да тргне по судови, да добие обештетување и да подели со тие што го
ставиле таму", размислуваат експертите. Во Министерството за правда велат
дека Судскиот совет на Македонија треба да изврши темелна ревизија на
сомнителните мерки притвор, да види дали се тие основани, поткрепени со докази,
дали биле неопходни, зошто сите се по 30 дена, да направи листа на судии кои
најчесто ја применуваат мерката притвор.
Претседателот на Судскиот совет Бекир Исени вели дека при одредувањето притвор
не треба само да се наведе дека постои опасност од бегство, туку и да се
аргументира дали осомничениот има намера за такво нешто, дали има двојно
државјанство, финансиски можности… "Се согласувам дека е можно да има
злоупотреби со притворот, но истрагата за таквите случаи треба да тргне од
службата за организиран криминал во МВР заедно со Одделот за борба против
организираниот криминал во Обвинителството, зашто Судскиот совет не е полицаец
и орган на прогон", вели Исени.
Исени вели повеќе се сомнева дека некои судии и обвинители може да прават
дилови со неправилно водени постапки, со неквалитетни пресуди и со повлекување
на обвиненија, отколку со притворот, зашто смета дека е на штета на странката
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

