Економија
ССМ:Неопходни се дополнителни антикризни мерки
Владините антикризни мерки не ги дадоа посакуваните резултати, поради што е неопходно креирање на нови ефективни мерки, кои ќе придонесат постепено да
Владините антикризни мерки не ги дадоа посакуваните резултати, поради што е неопходно креирање на нови ефективни мерки, кои ќе придонесат постепено да се излезе од кризата и да заживее македонската економија. Ова се заклучоците усвоени на седницата на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, што денеска на прес конференција ги презентираше портпаролот Милан Живковиќ. Тој посочи дека целта на ССМ не е само да критикува туку и да соработува и во таа насока Синдикатот и предлага на владата пакет од десет нови мерки, а доколку таа не покаже слух за нивните барања, синдикалците ќе излезат на протести во ноември ССМ го поддржува вториот ребаланс на буџетот, со кој расходите се кратат за 80 милиони евра, но смета дека има простор за натамошно намалување на трошоците особено на оние за договорно ангажирање на надворешни лица, хонорарите, трошоците за мебел, телефони, опрема и службени возила. Истовремено синдикалците препорачуваат зголемување на обемот на планирани и почнати капитални проекти и бараат забрзување и поедноставување на реализацијата на предвидената кредитна поддршка за малите и средни претпријатија. Потребно е да се изврши репрограмирање на достасаните обврски на претпријатијата, како и обезбедување помали камати за инвестициски кредити, велат од ССМ и бараат одредени бенефиции и за задолжените граѓани, како дополнителен грејс период, намалување на каматите и слично. Меѓу предложените мерки е обезбедувањето на субвенции за претпријатијата за зачувување на работните места, а од владата се бара и да донесе програма за еднократна помош на работниците кои останале без работа, како последица на економската криза. Според статистичките податоци на ССМ реалната бројка на затворени работни места поради кризата изнесува 20.000 места. Мерките кои се веќе предвидени за социјално загрозените семејства, како што се СОС продавници и субвенционирање на трошоците за електрична енергија да ги опфатат и семејствата со минимални месечни примања. ССМ бара средба со владата, на која би се расправало за актуелните економски прашања и за начините на понатамошна меѓусебна соработка. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

