Свет
Сирискитe власти ги растурија демонстрациите во Хомс, 30 жртви
Сириските безбедносни сили ги растурија протестите на илјадниците демонстранти во сирискиот град Хомс во централниот дел земјата, јави катараската сателитска телевизија Аl Jazeera, повикувајќи се на очевидци
Телевизијата известува за употреба на огнено оружје од страна на безбедносните сили, поради што има и многу смртни случаи. Според непотврдени извештаи, убиени и ранети се повеќе од 30 демонстранти. Според еден очевидец, во Хомс владее „атмосфера на страв и терор“. Градот е блокиран од страна на војниците, телефонските врски се во прекин, а на покривите на некои згради се поставени снајперист кои стрелаат врз луѓето, пренесува телевизијата. Во некои области на градот власта во свои раце ја преземал Комитетот на народното самоуправување кој поставил контролни пунктови и детално ги проверува сите возила кои минуваат низ нив. Демонстрантите во градот Хомс, како и во другите сириски градови, бараат реформи во земјата и политички слободи. Сириската влада, од своја страна, за масовните народни немири коишто избија од средината на март, ги обвинува вооружените салафистички групи кои според неа добиваат поддршка од надвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

