Македонија
СДСМ се огласи за „Надеж 2“, тврдат ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги
СДСМ денеска се огласи на повиците од ВМРО-ДПМНЕ да одговори за аферата „Надеж 2“. Велат ВМРО-ДПМНЕ изнесува манипулации и лаги во врска со Охридскиот самит на претседатели кој се одржа во 2008 година.
СДСМ денеска се огласи на повиците од ВМРО-ДПМНЕ да одговори за аферата „Надеж 2“. Велат ВМРО-ДПМНЕ изнесува манипулации и лаги во врска со Охридскиот самит на претседатели кој се одржа во 2008 година.Од СДСМ најавија тужби за клевета за Илија Димовски, Сашо Стефановски, Александар Бичиклиски и Марија Андоновска.Велат со самите тужби се иницира судска постапка и дека со тоа случајот ќе ја добие вистинската разрешница.На денешниот брифинг за новинарите лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и шефот на неговиот кабинет Наташа Савова рекоа дека се горди што на Самитот се покажале како добри домаќини. Велат дека им било потребно време за да ја соберат целата неопходна документација за да ги демантираат, како што тврдат, лагите изнесени во јавноста.За Договорот помеѓу Кабинетот на претседателот и Пристоп од СДСМ велат дека тој е склучен на 7 април 2008 година по завршувањето на законската постапка за избор на најповолен понудувач и дека истиот е архивиран во претседателскиот кабинет на 21 април по барање на Државниот завод за ревизија.Потпишувањето на одлуката за избор на најповолен понудувач велат дека е потпишана на 31 март 2008, но посочуваат дека тоа е направено врз основа на извештај на Комисијата за јавни набавки, донесен на 28 март, а не како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ донесен на 28 април.За обвинувањата дека се потрошени 530 илјади евра и дека немало финансиски извештај за тоа, СДСМ истакнуваат дека според Законот за јавни набавки извршителот има обврска да ја изврши договорената јавна набавка и за тоа ги поднесува фактурите кои се доволна спецификација според ДЗР за извршените услуги.Велат дека постои и законско образложение и извештај од Комисијата за јавни набавки која го спроведе тендерот.За Зоран Иванов тогашен советник во Кабинетот на Црвенковски, велат дека немал можност да одлучува во изборот за најдобар понудувач и да исплаќа средства од сметката на претседателскиот кабинет.За логото на Самитот, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тоа чинело 12.000 евра, а од СДСМ демантираат и информираат дека се платени 7.461 евра.Демантираат и дека за хостеси и преведувачи се платени 45.000 евра за ден ипол.Велат дека таков износ никаде не бил понуден. Лага и манипулација според нив е и бројката од 9.000 евра платена за еден билборд./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

