Контакт

Свет

Муслиманското братство сака заштита за црквите за Божик

Објавено пред

Влијателното египетско движење Муслиманско братство во средата објави дека сака да ги заштити црквите во текот на кога коптските христијани ќе го прославуваат Божик, на почетокот од јануари заедно со православните христијани, за да се спречи повторувањето на нападот

dobivaj vesti na viber

Влијателното египетско движење Муслиманско братство во средата објави дека сака да ги заштити црквите во текот на кога коптските христијани ќе го прославуваат Божик, на почетокот од јануари заедно со православните христијани, за да се спречи повторувањето на нападот кој пред минатиот Божик се случи при излегување на верниците по полноќната литургија во црквата во Александрија. „Муслиманското братство одлучи да формира комисии за заштита на црквите за да грешните раце не го уништат славењето, како што тоа неколкупати го сторија под заштита на поранешниот режим“, се наведува во соопштението на движењето, што го објавија египетските медиуми а го пренесува АFP, алудирајќи на периодот од владеењето на соборениот претседател Хосни Мубарак. Муслиманското братство бара и од армијата, односно од Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата по соборувањето на власта на Мубарак, да се погрижи за заштитата и безбедноста на христијанските верски објекти, како што тоа го чинеше на избирачките места во текот на првите две фази од парламентарните избори.Египетските христијани и годинава се во центарот на светските медиуми, откако минатата година на новогодишната ноќ одекна експлозија во близина на црква на христијанските Копти во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа вкупно 23 лица а околу стотина беа повредени.По експлозијата египетските власти преземаа низа мерки за да го сочуваат единството меѓу христијаните и муслиманите во земјата. Голем број познати јавни личности, новинари и политичари кои го исповедаат исламот, заедно со христијаните учествуваа на прославата на Божик кој во египетските коптски цркви беше прославен на 7 јануари. Египетските државници повторуваа дека експлозијата во црквата не е насочена против христијаните, туку против целото египетски општество и државата.Иако за тој напад никој не ја презема одговорност,  беше обвинета палестинската фракција на глобалната терористичка организација Ал Каеда.Минатата година неколку европски земји повикаа на заштита на христијаните на Блискиот исток, но Каиро го отфрли повикот, третирајќи го како мешање во внатрешните работи на државата.Египетските Копти се најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток. Според различни процени, тие претставуваат околу 10 отсто од 80-милионското население на Египет./крај/афп//мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

Објавено пред

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во изминатата година, додека другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе, изјави денес комесарката за проширување Марта Кос.

dobivaj vesti na viber

„Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на нивниот пат кон ЕУ покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот“, рече Кос, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Кос нагласи дека проширувањето на Европската Унија би можело да стане реална можност со оглед на забрзаното темпо на конвергенција на некои земји. За да се случи проширувањето, земјите-кандидатки треба да се подготват да ги преземат одговорностите за членство, додека Европската Унија треба да се подготви за проширување, додаде Кос.

Кос нагласува дека следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите земји-кандидатки, особено за оние со амбициозни планови за завршување на преговорите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Гренланд го менува својот облик и се движи кон северозапад

Објавено пред

Додека климата бргу се менува, Гренланд, најголемиот остров во светот, буквално го менува својот облик. Неговата почва се извиткува, се движи и се крева како да дише со планетата.

dobivaj vesti na viber

Новите податоци од научниците покажуваат дека мразот што се насобрал и неговото постојано топење влијае не само на нивото на морето туку и на темелите на островот.

Во свет на кој сè повеќе му снемува мраз овие деформации би можеле да имаат длабоко влијание врз иднината на регионот, пишува „Сајан алерт“.

Според истражувањето спроведено од меѓународен тим научници предводен од Техничкиот универзитет во Данска (DTU), Гренланд физички се менува на начин што би можел да има последици за иднината на навигацијата во околните води. Во текот на 20 години научниците следеле 58 специфични точки на територијата на островот анализирајќи ги сателитските ГПС-мерења, кои откриле дека копнената маса на островот се движи кон северозапад со просечна брзина од два сантиметра годишно. Сепак, движењето не е униформно: на некои места Гренланд се шири, а на други се намалува.

„Севкупно, ова значи дека Гренланд станува малку помал, што би можело да се промени во иднина“, објаснува геофизичарот Данжал Лонгфорс Берг од ДТУ.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Објавено пред

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Според неа, овој механизам би се однесувал и на Украина и на Молдавија, како и на сите други земји што сè уште не се приклучиле на Унијата. Во текот на неколку години по пристапувањето во членството, на новите држави би можеле да им бидат ограничени правата, па дури и суспендирано членството, доколку не ги исполнат стандардите и обврските пропишани од Унијата.

„Новиот систем би овозможил континуирано следење на усогласеноста со европските стандарди за владеење на правото и функционирањето на институциите“, рече Кос нагласувајќи дека целта не е да се создадат двојни членки на ЕУ, туку да се заштитат кредибилитетот и стабилноста на европскиот проект.

Таа додаде дека во Брисел постои страв дека некои нови членки, доколку не поминат низ темелен процес на верификација по влезот, би можеле да станат тројански коњ на Русија во рамките на Унијата. Поради оваа причина, Европската комисија подготвува сет нови правила што би овозможиле привремено ограничување на правото на глас или финансиски средства во случај на сериозни отстапувања од европските вредности и политики.

Предлогот е дел од поширока реформа на процесот на проширување на ЕУ, која има цел да ја балансира геополитичката потреба за прием на нови земји со барањето за зачувување на функционалноста и единството на самата Унија, пренесуваат медиумите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија1 час

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет2 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија2 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија3 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија5 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија5 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија5 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ5 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија5 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа7 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа8 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет8 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион8 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет9 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа9 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија22 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ23 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија1 ден

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...