Македонија
Десет години Рамковен договор
На 13 август се навршуваат десет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.
На 13 август се навршуваат десет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.Охридскиот рамковен договор е спогодба за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година. меѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии, и специјални претставници на ЕУ и САД.Договорот е склучен во текот на ескалацијата на насилства меѓу вооружени претставници на албанската заедница во Македонија и македонските безбедносни сили.Преговорите се одвиваа во „Вила Билјана“ во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.Преговорите траеја речиси цел месец и во нив учествуваа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, лидерот на ПДП, Имер Имери, лидерот на ДПА, Арбен Џафери потоа претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставниците на САД, Питер Фејт и Џејмс Пердју, и други советници и експерти.По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август во Скопје договорот го потпишаа: Трајковски, Георгиевски, Црвенковски, Џафери, Имери а како гаранти на договорот се потпишаа специјалните претставници Леотар и Пердју.Десет години по потпишувањето, Охридскиот договор се смета за клучен документ кој го обезбедува мултиетничкиот карактер на земјата и нејзината стабилност.Документот има поддршка од меѓународната заедница која инсистира на негово целосно спроведување. крај/макфакс/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

