Македонија
Началникот на ГШ на АРМ Котески во посета на ВС на Кралството Норвешка
Началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од четврток претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка.
Домаќин ќе му биде Началникот на ГШ на ВС на Кралството Норвешка, генерал Харалд Сунде.
Ова е прва официјална посета на Началник на ГШ на АРМ на ВС на Кралството Норвешка.
АРМ има развиено одлична соработка со ВС на Кралството Норвешка која во изминатите години се одвива на повеќе полиња. На средбата во Осло се разговараше за поддршката од ВС на Кралството Норвешка кон АРМ во развојот и формирањето на Балканските Воено-медицински сили при што штабот на овие сили би бил сместен во Република Македонија како дел од проектот „Паметна одбрана“ и поддршката за проектот за полската болница (Role 2) со донација за воено медицинска обука во вредност од околу 2 милиони евра.
Вооружените сили на Кралството Норвешка го поддржуваат и развојот на Регионалниот тренинг центар за комуникации и иницијативата за негово прераснување во НАТО/ПзМ центар за обука во медиа тренинг како и продолжување на поддршката за проектот „Лепеза“.
Во периодот од 2008 до 2012 година, во рамките на норвешката полска болница во Мејмана, Авганистан која е дел од мисијата ИСАФ, беше распореден хируршки тим на АРМ кој успешно ги извршуваше задачите заедно со норвешките колеги.
Кралството Норвешка на АРМ и донираше една комплетна Лесна маневарска полска болница во вредност од околу 2,5 милиони евра, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема во вредност од 57.000 евра, како и менторирање и финансиска поддршка на проектот „Лепеза“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

