Македонија
Поради штрајк авиосообраќајот во прекин
Поради штрајк на контролорите на летање, денеска од 10 до 12 часот нема да има слетување и полетување на скопскиот и охридскиот аеродром
Според најавите, во наведениот период ќе се овозможува само прелет на авионите над македонска територија.Шрајкот е закажан поради намерата на Управата за јавни приходи присилно да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност.Контролорите на летови не се откажуваат од намерата да прекинат да работат, иако, како што велат, последниве денови биле изложени на притисоци и закани дека ако штрајкуваат, ќе останат без работа.Тие најавуваат дека за притисоците ќе ги запознаат европските воздухопловни власти, каде што Агенцијата за цивилно воздухопловство е член.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Исплатени субвенциите за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година
Од МЗШВ информираат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.
Кон 32.798 земјоделци се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.
Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Дополнително се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз.
Македонија
Мицкоски за бегалецот Груби: Не мислам дека ќе добие политички азил, тој на листата на САД не е од политички причини, туку поради криминал
Премиерот Христијан Мицкоски не мисли дека пребеганиот поранешен вицепремиер и министер Артан Груби ќе добие политички азил за да избегне враќање во земјата и соочување со сомневањата за сторен криминал. Одговарајќи на новинарски прашања попладнево, Мицкоски рече дека Груби се најде на црната листа на САД не од политички причини, туку поради сомневања за сторен криминал.
„Лицето е на листата на санкции на САД. Јасно се наведени причините зошто се наоѓа на листата на санкции – поради основано сомневање за сторен криминал. Поради тоа основано сомневање за сторен криминал, Обвинителството поведе истрага, а судот, како што сум информиран, изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Тука не станува збор за политички причини, туку очигледно има нешто поинакво од политиката, односно постои основано сомневање за сторен криминал. Не очекувам дека ќе добие политички азил, но тоа, сепак, е одлука на оние што би влегле во една таква процедура. Јас тука не би можел да додадам или одземам нешто“, рече премиерот Мицкоски.
Поранешниот вицепремиер и министер, Груби, на 9 декември, и ексдиректорот на „Државната лотарија“, Перпарим Бајрами, се најдоа на црната листа на САД.
Пет дена подоцна, на 14 декември, Груби избега од земјата преку граничниот премин Блаце иако првично преку социјалните мрежи тврдеше дека не ја напуштил државата, туку патувал во приватна посета.
На 17 декември Кривичниот суд на двајцата им одреди 30-дневен притвор под сомневање дека направиле финансиски малверзации вредни 501 милион денари, а еден ден подоцна, на 18 декември, МВР издаде меѓународни потерници за двајцата.
Поранешниот директор Бајрами, пак, како што кажа неговиот адвокат Антонио Апостолски, не е во земјата веќе неколку месеци.
Македонија
Финансиската полиција со кривични пријави за даночно затајување
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на сопственик и управител на Друштво за градежништво, трговија и услуги ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ с. Ларце, Желино, поради основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување по член 279 ст.1 од КЗ на РСМ и против истото правно лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување по член 279 ст.2 и ст.3 од кривичниот законик.
Првопријавениот Ф. А. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за градежништво, трговија и услуги ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ с. Ларце, Желино, свесно и со однапред утврдена намера, во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, материјалните средства евидентирани во билансот на состојба како постројки и опрема во вкупна вредност од 12.181.578,00 денари, неосновано ги присвоил за себе и не ги евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок.
Притоа, првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 2.192.684,00 денари.
Второпријавениот правен субјект ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход од 11.11% во име и за сметка на првопријавениот во износ од 1.353.373,00 денари, притоа во текот на 2022 година не ги прикажал како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 3.452.355,00 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на вкупен приход по даночна стапка од 1% во износ од 34.523,00 денари.
Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект изготвил и поднел завршни сметки за 2020, 2021, 2022 и
2023 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на РСМ во кои не прикажал деловна активност на пријавениот правен субјект, а обврските се пресликуваат за секоја наредна година.
На тој начин, пријавените затаиле данок на додадена вредност во износ од 2.192.684,00 денари, данок на личен доход во износ од 1.353.373,00 денари и данок на вкупен приход во износ од 34.523,00 денари, со што по сите горенаведени основи го оштетиле буџетот на РСМ во вкупен износ од 3.580.580,00 денари.