Македонија
Македонија/Косово – Политиката да го следи бизнисот
Независно од лошите дипломатски односи, Косово и Македонија имаат доста добри економски и трговски односи, кои ќе продолжат и во иднина
Независно од лошите дипломатски односи, Косово и Македонија имаат доста добри економски и трговски односи, кои ќе продолжат и во иднина.
Ова, како што пренесува Макфакс, го изјавија раководителите на стопанските комори на Косово и Македонија, по денешната средба во Приштина, на која учествуваа и бизнисмени од двете земји.
Бизнис претставниците од Косово и Македонија изјавија дека меѓусебната соработка е во интерес на двете земји и дека политиката треба да го следи примерот на бизнисот.
Претседателот на Стопанската комора на Косово, Бесим Беќај, изјави дека Македонија и Косово се важни партнери што се однесува на економскиот аспект, но ја истакна и важноста од воспоставување на дипломатските односи меѓу Скопје и Приштина.
„Стопанската соработка е подготвена да продолжи, но дефинитивно е потребно итно делување од аспект на регулирање на дипломатските односи. Сметам дека бизнисот е чекор напред што се однесува до создавањето на добри односи, во изнаоѓањето на заеднички интереси, а двете наши земји имаат заеднички и економски и политички интереси”, изјави Беќај.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека за разлика од политичарите, бизнисите ќе ја зајакнат нивната меѓусебна соработка и ќе одржуваат редовни средби.
Азески ја истакна потребата за подобрување на патната инфраструктура и создавање на дополнителни патишта и гранични премини, со цел да се олеснат односите меѓу двете земји.
„Бизнисот сака и има потреба што побргу да се изгради автопат меѓу Скопје и Приштина, бизнисот сака договор за избегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, како и заедничка гранична контрола. Исто така, бизнисот има потреба за соработка меѓу Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора за да има приод во Европа за користење на кредити кои ќе се употребат за развојот на инфраструктурата”, изјави Азески.
Трговската размена меѓу двете земји оди во полза на Македонија која во Косово извезува 100 милиони евра, а од Косово увезува само околу 10 милиони евра годишно.
Првите луѓе на стопанските комори на Косово и Македонија на средбата во Приштина се согласија да влијаат на владите на двете земји за отстранување на бариерите во меѓусебните стопански и трговски односи.
Средбата е резултат на договорот за соработка потпишан неодамна во Албанија меѓу стопанските комори на Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора, преку кој се согласија заеднички да конкурираат со проекти на европско ниво. /крај/ртк/ем/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

