Свет
Приврзаниците на Асад ја напуштија американската амбасада во Дамаск
Поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад кои во понеделникот се пробија до американската амбасада во Дамаск, ја напуштија нејзината територија, а безбедносните служби пред француската дипломатска мисија одбија сличен напад, јавува Reuters.
Поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад кои во понеделникот се пробија до американската амбасада во Дамаск, ја напуштија нејзината територија, а безбедносните служби пред француската дипломатска мисија одбија сличен напад, јавува Reuters.Официјални лица на амбасадата на САД ги карактеризираа дејствијата на сириските власти за спречување на нарушување на нејзината неприкосновена територија како „бавни и несоодветни“. За тоа какви мерки биле преземени за да се спречат немирите , не се соопштува.Според агенцијата, во близина на амбасадата на Франција избил судир меѓу поддржувачите на сириските власти и полицијата која успеала да ги разбие напаѓачите, користејќи огнено оружје стрелајќи во воздух. Сепак, како што јавува агенцијата, лојалистите на Асад се’ уште се групирани во близина на француската амбасада во Дамаск. Министерството за надворешни работи го изрази својот „остар“ протест на сириската амбасадорка во Париз, Ламија Шакур откако во Сирија избија инциденти за време на протестите против посетата на францускиот амбасадор на градот Хама зафатен од големи народни немири против властите на претседателот Башар ал-Асад.Нападите на двете амбасади уследија третиот ден од протестите кои беа предизвикани од посетата на амбасадорите на САД и на Франција на Хама. Очевидец кој се идентификувал како Хаим ал-Хасан, изјавил дека околу 300 лица се собрале пред француската амбасада, додека стотици други протестирале пред дипломатското претставништво на Соединетите држави. Во неделата Стејт департментот објави дека од масата врз американскиот дипломатски комплекс биле фрлани разни предмети, а двајца службеници биле гаѓани со храна. Кон крајот на минатата седмица овој град, центар на големите протести против сириските власти, исто така, го посети американскиот амбасадор Роберт Форд. Сириските власти го оценија гестот на Форд како „политика која ќе ја влоши ситуацијата“, што претставува закана за безбедноста и стабилноста на земјата. Амбасадорот Форд, пак, ги повика сириските власти да не ја користат неговата посета во политички цели. Во соопштението на сириското министерство за внатрешни работи емитувано на сириската државна телевизија, се наведува дека американскиот амбасадор во Хама се сретнал „со терористите и ги повика да протестираат, насилство и отфрлање на дијалогот“.Двајцата дипломати во неделата беа повикани во министерството за надворешни работи на Сирија, коешто ги обвини за „отворено мешање во внатрешните работи на Сирија“.Сирија секојдневно повеќе од три и пол месеци е потресувана од масовни протести. Тие почнаа во средината на март во јужниот град Дера’а, а потоа брзо се проширија во другите делови на земјата. Во судирите со безбедносните сили, според сириските активисти за човекови права, загинале повеќе од 1.350 луѓе.Според официјални извори, безредијата се поттикнати од акциите на „вооружените терористички елементи“, кои сириските власти ги обвинија за насилството во земјата,. Притоа се наведува дека во судирите загинале 340 војници и припадници на безбедносните сили./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.
Свет
По повеќе од 400 години данската пошта прекинува со достава на писма
Данската пошта денеска соопшти дека на 30 декември ќе ја изврши последната достава на писма, со што се завршува традицијата долга повеќе од 400 години, која датира уште од 1624 година.
Причината за потегот е тоа што во текот на последните 25 години испраќањето писма драстично опадна – за повеќе од 90 отсто.
„PostNord“, компанијата која настана со спојување на шведската и данската пошта во 2009 година, претходно соопшти дека ќе укине 1.500 работни места во Данска и ќе отстрани 1.500 поштенски сандачиња, со оглед на тоа што побарувачката за писма драстично опадна, додека онлајн купувањето продолжува да расте. Оваа компанија, која и понатаму ќе доставува писма во Шведска, нагласи дека во Данска на нејзино место доставата ќе ја преземе компанијата „Dao“, која веќе врши достава на писма и која планира да ги прошири своите услуги од 1 јануари.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека меѓу младите доаѓа до повторен пораст на пишувањето писма. Истражувањето на „Dao“ покажа дека лицата на возраст меѓу 18 и 34 години испраќаат два до трипати повеќе писма отколку другите возрасни групи, а истражувачот на трендови Мадс Арлиен-Соборг верува дека младите се свртуваат кон пишувањето писма како „противтежа на дигиталната преоптовареност“.
Според данскиот закон, мора да постои можност за испраќање писма, што значи дека доколку „Dao“ одлучи да ја прекине доставата, владата би била обврзана да именува друга компанија за таа задача.
Законот за дигитален идентитет, „MitID“, се користи за сè – од онлајн банкарство до закажување прегледи кај доктор, а поголемиот дел од официјалните комуникации се испраќаат преку дигитална пошта наместо со обична пошта.
Денес 97 отсто од данската популација постара од 15 години е регистрирана во „MitID“, додека само пет отсто одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.
– Бевме данска пошта 400 години и затоа ова е тешка одлука, но Данска стана сè подигитална, што значи дека денес речиси и да нема писма. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, изјави заменикот извршен директор на „ПостНорд Данска“, Ким Петерсен.

